| 06.03.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Сте се запознале со терминот примарна дисменореја? Станува збор за силни менструални болки кои не можат да се издржат доколку не пиете лекови. Тоа не е болест, но предизвикана е од недоволно развиена матка, која е во неправилна позиција. Болката се смета дека е подеднаква како и срцевиот удар.

Професор на Универзитетот “College London” Џон Гилбед, во одделот за репродуктивно здравје, рекол дека неговите пациентки често се жалат на грчеви за време на менструалниот период, за кои велат дека се слични со болките во градите, кои се силни симптоми за појава на срцев удар.

Одредени истражувања покажале дека постои загрижувачки размер помеѓу сфаќањето на сериозноста на болките кај жените или кај машките пациенти, каде “женската болка” не се сфаќа толку сериозно.

 
 

Машката популација чека 49 минути пред да побара помош, а жените дури 65 минути и тоа кога станува збор за исти симптоми и болки. Сепак, мажите признаа дека менструалната болка може да биде подеднакво болна како и смртоносната медицинска појава, па тоа може да биде причина за конечно да се подобри третманот на “женските проблеми”.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени