| 05.12.2017. ПО ДОМА

Двојките кои почнуваат заеднички живот во брачна или вонбрачна заедница често за кратко време ја зголемуваат телесната тежина, покажа едно најново истражување на британските научници.

Истражувањето што го спроведоа научници од Универзитетот во Глазгов покажа дека во првата година од заедничкиот живот младите брачни парови во просек се здебелуваат по околу 2 килограми, а оние кои живеат во вонбрачна заедница се здебелуваат уште побрзо, односно, на три месеци добиваат во просек околу 1,8 килограми.

Кетрин Хенкл, нутриционистка и експертка за исхрана која го водеше истражувањето, вели дека откако луѓето ќе почнат живот во заедница, храната станува центар на врската бидејќи двојките заедно ручаат и/или вечераат и ги делат нивните прехранбени навики.

 
 

„Исто така стануваат помалку активни. Веќе не водат толку сметка за излегување на љубовни состаноци и почнуваат помалку да вежбаат, но станува збор и за културолошко прашање“, вели Хенкл во изјава за „Sunday Times“.

„Младите брачни парови на почетокот на заедничкиот живот би требало да водат сметка за телесната тежина. Дебелеењето, особено качувањето премногу вишок килограми, е лошо за самодовербата, а може и лошо да влијае на врската“, смета Хенкл.

Други истражувања покажуваат дека младите луѓе често нагло се здебелуваат кога заминуваат да студираат во друг град или земја, а разводот или раскинувањето влијае обратно, односно со слабеење.

  
 

(3)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени