Зарем дојдовме до оваа состојба. Вакво прашање си поставија многумина по неодамнешното јавното „мерење“ на големината на нуклеарниот арсенал на Америка на Трамп и Северна Кореја на Ким. Некои посочуваат дека пред влегувањето на милијардерот во Белата куќа, кој месецов одбележува една година од инаугурацијата во нов претседател на САД, било незамисливо еден лидер на Твитер да се фали со „големината“ на својот нуклеарен арсенал и неодговорно да се заканува со уништување на цела држава. За нив, претседателот на САД го објавил најнеодговорниот твит во историјата.

Трамп на новогодишната порака од Ким дека на работната маса постојано го има нуклеарното копче одговори дека и тој имал нуклеарно копче, ама неговото било многу поголемо и помоќно од тоа на Севернокореецот, а и работело.

Овој твит повторно натера некои да го оспорат менталниот капацитет на Трамп да ја извршува функцијата претседател на САД, а други порадикално заговараат светските лидери да престанат да се огласуваат преку социјалните медиуми.

 
 

Како што вели еден американски аналитичар, Трамп се чини е опседнат со големината на сѐ на него и околу него, од гениталиите, до рацете, до нуклеарниот арсенал. Затоа, според истиот аналитичар, досегашниот мандат, а се чини и целиот живот на Трамп може да се дефинира со два збора „најголемо“ и „најдобро“.

Трамп импулсивно реагира на секоја критика и возвраќа со забелешки дека неговото секогаш е „најголемо“ и „најдобро“. Така претседателот на САД тврди дека имал „најголема“ публика на инаугурацијата или „најголеми“ облакодери или „најдобри“ политики. Објаснувајќи го ваквото однесување, некои се повикуваат на психологијата и велат дека причина за постојаната опсесија со големината на Трамп е несигурноста.

Тој на критиките, обвинувањата и забелешките одговара импулсивно, и тоа најчесто преку Твитер. Годинава едвај почна, а веќе упати отровни стрели кон повеќе свои „непријатели“, а и најави дека ќе доделувал „награди“ за лажни вести. На обвиненијата дека бил импулсивен и ментално неспособен да ја извршува претседателската функција, тој одговори дека е стабилен генијалец. Се разбира, повторно на Твитер.

  
 

И додека тој себеси се претставува како „стабилен генијалец“, критичарите во него гледаат нестабилен и импулсивен лидер на кого, како и на другите светски лидери, треба да им се забрани пристап до социјалните медиуми. Твитер и другите платформи беа дизајнирани да ги намалат пречките за комуникација и да поттикнат импулсивни коментари. Тие во тоа и успеваат, но истовремено создаваат и конфликти бидејќи се извор на недоволно промислени коментари, кои некогаш немаат големи последици, а во случајот со светските лидери можат да доведат и до реални војни.

Целата колумна од Игор Данаиловиќ можете да ја прочитате тука.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени