| 05.04.2018. ПО ДОМА

Маслиновото масло е познато по своите нутритивни вредности во исхраната, но и како еден од најделотворните природни состојки во козметичките производи. Освен тоа, важи за природен лек за многу заболувања и пореметувања во организмот. Затоа неопходно е секогаш „при рака“ во домот да имате шише со маслиново масло .

За здраво срце- како едно од основните состојки на медитеранската кујна, маслиновото масло е познато по својата улога во превенција на кардио-васкуларни заболувања. Масните киселини, анти-оксидансите и силициумот кои се наоѓаат во него, го балансираат нивото на холестерол во крвта и ги штитат артериите. Без да ја зголемувате  вообичаената доза на маснотии, се препорачува да го замените маслото кое го користите со маслиново, ако веќе не користите такво.

За подобро варење- Маслиновото масло ја помага работата на црниот дроб и цревата, а стомакот добро го поднесува. Делува како лаксатив, помага во борбата со опстипација на цревата, кое често доаѓа поради претерано седење и стрес. Експертите препорачуваат да земете една до две мали лажички маслиново масло наутро, на празен стомак и така за брзо време ќе ги решите проблемите со варењето на храната.

 
 

Се препорачува и пред обилен ручек да изедете неколку маслинки, но без претерување, бидејќи се калорични. Оние кои се набрани пред да созреат, односно зелените се двојно помалку масни од црните маслинки.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
03.04.2018. The Chef
02.04.2018. Ливадџија
04.04.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени