| 27.11.2017. ПО СВЕТОТ

Ако се плашите од летање, можеби ќе сакате да си направите услуга и да не го гледате видеото. Ок, само немојте да речете дека не сте биле предупредени. Еден патник кој летал со авион го снимил моментот кога рамката на прозорецот до неговото седиште се распукала, додека биле илјадници метри во воздух.

Има изненадувачки малку врескање во ова видео, зар не? Немаше да биде толку тивко доколку некој од нас се најдеше во оваа ситуација, ама дечкото што најверојатно го снима целиот момент е прилично смирен, па дури и се обидува да ја врати рамката на место, како тоа да е 101, па со штравцигери ќе ги отвараме, затвараме прозорите…

 

 
 
                                       

Во клипот, можете да видите дека човекот ја извлекува целосната рамка на прозорецот од панелот. Тој го поставил видеото на социјалните мрежи со наслов: “Треба ли да бидам загрижен?” и напишал: “Тоа беше од оние нискобуџетни авиокомпании (30 долари). Прозорецот беше целосно растурен, па бидејќи мислев дека е смешно го снимив со мојот телефон”.

Не сме сигурни дали и на вас би ви било смешно, да бидеме искрени, гледањето на клипот беше доволно за да не наежи во најмала рака.

  
 

Сепак, според експертите, патникот не требал да биде загрижен. Патрик Смит, пилот и сопственик на www.askthepilot.com, изјави за MailOnline дека самиот прозорец е во ред, тоа било само рамката, па и не е голема работа.

Тоа е само површинска рамка која помага да се заштити вистинскиот прозорец. Признавам дека изгледа непријатно и нестручно, но нема ризик за безбедноста.

 
loading...
 

Ова тврдење беше поткрепено и од главниот извршен директор на британскиот комитет за безбедност на летање, Даи Витингем, кој изјави дека ова дефинитивно не е причина за загриженост, едноставно е лабаво парче во кабината. Внатрешниот прозорец има за цел да го заштити главното стакло од гребнатини и задржува дел од внатрешната бучава, како и тоа дека представува елемент за топлинска изолација.

“Надворешниот прозорец е прицврстен за трупот на авионот и запечатен со штрафови, така што внатрешноста на авионот може да биде под притисок, а оваа лабава рамка нема да има никакво влијание освен што не изгледа особено уредна.”

(3)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени