| 25.03.2018. ТАБЛА

Годинава Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ со нов предизвик за матурантите! Наместо класичното тестирање за стипендии, тие ја воведуваат иновативната интелектуална игра DerzhaWIN за тандем стипендии, која ќе се одржи во Свети Николе и Битола. Така, можете да освоите стипендија заедно со Вашиот најдобар пријател и да студирате заедно. 

Што е интелектуалната игра DerzhaWIN?
Интелектуалната игра DerzhaWIN е игра на вештини, знаење, креативност, способност за снаоѓање, менаџирање со времето и интелигенција. Учениците наместо да бидат тестирани од област која досега малку ја имаат истражувано или воопшто ја немаат изучувано, тие ќе имаат можност преку игра да ги докажат нивните досега стекнати знаења и вештини.

Какви прашања ќе има?
Во интелектуалната игра ќе бидат опфатени разни загатки, креативни задачи, логички прашања, прашања од областа на јазиците, географијата, технлогијата и слично.

 
 

Преку оваа игра и прашањата кои ќе бидат дел од неа кандидатите ќе можат да се запознаат со областите кои ги опфаќаат нашите факултети и како изгледа студентскиот живот на нашиот универзитет. А за награда може да добијат целосна или делумна стипендија!

Секој од кандидатите при пријавувањето ќе може да избере еден од петте факултети при МСУ за кој аплицира. Доколку, на пример, изберете информатика, прашањата и задачите во интелектуалната игра ќе бидат повеќе од областа на информатиката.

Пријавување
Матурантите се пријавуваат со пополнување на електронската апликација дадена на оваа страница. Може да се пријават за натпреварување во Свети Николе или во Битола. Во Свети Николе интелектуалната игра ќе се одржи на 21-ви април во 12:00 часот, a во Битола на 28-ми април со почеток од 12:00 часот. За сите пријавени кандидати на денот на одржување на играта ќе биде организиран бесплатен превоз до нашиот универзитет и назад.

  
 

Дали е потребна претходна подготовка за играта?
Не, претходна подготовка за интелектуалната игра DerzhaWIN не ви е потребна.

Награди
Наградите се стипендии на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ со можност за продолжување во наредните години.

• 1-во место. По 1000 евра стипендија за двајцата учесници
• 2-ро место. По 750 евра стипендија за двајцата учесници
• 3-то место. По 500 евра стипендија за двајцата учесници

Специјални награди:
• по 100 евра стипендија за учесниците кој ќе бидат Најбрзиот тандем-тим
• по 100 евра стипендија за учесниците кои ќе имаат најмногу 10-ки

 
loading...
 

Кој може да се пријави?
Право на аплицирање имаат сите ученици кои во моментот се во завршна година во средно училиште – матуранти 2017/2018.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
22.03.2018. The Chef
23.03.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени