| 07.11.2017. ПО СВЕТОТ

Ќе ги знаете кои се, ако им погледнете во патните исправи… Пасошите на Американците осудени за сексуални престапи против деца наскоро ќе бидат означени со знак за нивните злосторства. Имено, Стејт департментот оваа недела објави дека казната што ја добил престапникот за неговото недело ќе биде додадена на задната обвивка на пасошите.

Штом Стејт департментот ќе ги добие нивните имиња од Одделот за домашна безбедност, ќе почне да ги известува засегнатите сексуални престапници дека нивните пасоши се поништуваат и дека треба повторно да подигнат нови пасоши во кои ќе стои знакот и казната.

Помалите патни картички, кои можат да се користат само за ограничени меѓународни патувања, нема да им се издадат на таквите сторители, бидејќи немаат простор за испишување на слична порака. Не е веднаш јасно колку прекршители ќе бидат засегнати со ваквата одлука.

 
 

Одлуката, која стапи на сила во вторникот, беше спроведена според законот усвоен во 2016 година, познат како “Меѓународен закон за Меган”. Именуван е по Меган Канка, 7-годишна девојка од Њу Џерси чие што силување и убиство во 1994 година инспирираше дузина закони, меѓу кои и оној кој им дозволува на соседите да бидат известени кога сексуалниот престапник ќе се насели некаде во нивната близина. Нејзиниот напаѓач, кој и бил сосед, имал претходни пресуди за сексуално злоставување на деца.

Новиот закон за пасошите, кој има за цел “да ги заштити децата и другите од сексуална злоупотреба и експлоатација, вклучувајќи трговија со сексуални услуги и сексуален туризам”, предизвика критики.

Алијансата за закони поврзани со сексуалните напади, непрофитна огранизација чија цел е да се бори за граѓанските права на регистрираните сексуални престапници, ја тужеше владата минатата година поради мерката, тврдејќи дека ги прекршила уставните права на регистрираните сексуални престапници.

  
 

“Ние веруваме дека ова е многу рискантна мерка”, вели Џенис Белучи, основачот и извршниот директор на невладината.

“Денес, тоа се луѓето осудени за сексуални престапи кои вклучуваат малолетници, но, со оглед на моменталната политичка ситуација, можеби следната година тоа ќе бидат муслиманите, или луѓе кои се хомосексуалци”, изјави таа.

(67)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени