| 24.03.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Планетата Земја со драматична брзина ги губи растенијата, животните и водата за пиење, е заклучокот на четири научни извештаи на ОН за биодиверзитетот.

Научниците го објавиле извештајот за состојбата на растителниот и животинскиот свет за американскиот континент, Европа и централна Азија, Африка и азиско-пацифичкиот регион.

После три години истражување, заклучокот е дека работите никаде не стојат добро. Роберт Вотсон, претседател на истражувачкиот тим, изјави дека трудот не е само посветен на живите суштества, туку и како Земјата да остане одржлива за луѓето бидејќи нашиот вид се потпира на биолошката разновидност за храна, вода за пиење и јавно здравје.

 
 

„Моменталната состојба ја поткопува благосостојбата низ целиот свет и долгорочно ни се заканува во однос на храната и водата“, вели Вотсон. Според него, она што се случува е нуспроизвод на сè понаселениот свет“, вели научникот.

На луѓето им е потребно повеќе храна, вода, енергија и повеќе земја, а начинот на кој општеството се обиде да го реализира, се одрази на биодиверзитетот, наведува научникот.

Важните живеалишта се поделени, хемикалиите им штетат на растенијата и животните, а во морињата и океаните се лови премногу риба, тврди Вотсон.

  
 

Како што вели, климатските промени предизвикани од човекот и глобалното затоплување наскоро ќе го погодат биодиверзитетот како и сите други проблеми заедно. Извештаите предвидуваат дека доколку се продолжат тековните трендови, на американскиот континент, до 2050 година ќе има 15 отсто помалку растенија и животни отколку што има сега, во Азија до 2048 година нема да има риба за комерцијален риболов, Африка до 2100 година би можела да изгуби половина од некои видови птици и цицачи, а четвртина од видот што живее во Европа ќе биде загрозен.

Според Вотсон, шансите се намалуваат ако општеството не се промени, но промената е возможна.

„На некои видови им се заканува изумирање. Другите се сè помалку. Иднината ќе биде поосамено место во однос на денешниот природен свет. Станува збор за морално прашање. Дали луѓето имаат право да ги доведат до изумирање?“, наведува тој.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени