| 02.10.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Саудискиот весник Al Watan состави листа од најчудни причини за развод во земјата во поново време. Со оглед на тоа што го знаеме за односот кон жените во Саудиска Арабија, причиниве би ги опишале како типични, што никако не ги прави помалку интересни.

На пример, еден Саудиец се решил да се разведе откако жена му заборавила да ја послужи и главата од овен заедно со другата подготвена храна додека имале гости. Друг поднел документи за развод зашто жена му одела пред него, иако ја замолил да оди зад него. Трет се развел за време на медениот месец, бидејќи тазе невестата носела украси на ногата.

Во нешто поразбирлив случај (по нивни критериуми), Саудиец се развел зашто жена му не ја послушала неговата наредба да ги посетува роднините само со негова дозвола.

 
 

Победникот во категоријата, сепак, веројатно е Саудиецот што се развел од сопругата затоа што го фатила за рака.

Во последните години, бројот на разводи во Саудиска Арабија е зголемен за 20%. Хамуд ел Хамри – саудиски експерт за брачни врски, вели дека порано во кралството немало разводи од вакви причини. На што се должи, тогаш, ова што се случува сега? Според него, на противречностите што произлегуваат од судирот меѓу традицијата и развојот на саудиското општество во современ облик. Читано меѓу редови, во Саудиска Арабија се случува „женска побуна“ и каков-таков прогрес.

(751)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени