| 04.01.2018. ПО ДОМА

Умереното пиење е корисно за кардиоваскуларниот систем на богатите, но може да се покаже како фатално за посиромашните слоеви од населението, утврдија норвешки научници, цитирани од „Дејли мејл“.

Луѓето кои консумираат по две-три чаши алкохол неделно, се со помала веројатност да умрат од болести на срцето, во споредба со оние кои апстинираат. Но, ова се однесува само на богатите, бидејќи тие се со поголема веројатност да консумираат алкохол не на „гладно срце“, туку со некое јадење.

Според норвешката студија, сиромашните луѓе пијат помалку од богатите, но нездраво. Поради оваа причина, тие се со поголема веројатност да бидат хоспитализирани за проблеми со срцето поврзани со алкохол. Бројот на оние кои починале од срцев удар е поголем. Норвешките научници овој феномен го нарекуваат „алкохолен парадокс“.

 
 

Студијата ги анализирала медицинските податоци на 200.000 Норвежани. Таа покажува дека односот помеѓу консумацијата на алкохол и кардиоваскуларната болест варира во зависност од приходот.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени