Минатата недела Фејсбук издаде уште едно соопштение со кое негира дека компанијата ги прислушува своите корисници за да ги насочи кон релевантни реклами.

“Не е точно”, изјави Роб Голдман, шеф на маркетинг секторот на компанијата, како одговор на поставеното прашање на онлајн подкаст на кој што тој гостуваше.

Откако веќе пишував за ова негирање, моето сандаче речиси веднаш почна да се полни со жалби од луѓе кои инсистираат дека Фејсбук мора да лаже.

 
 

Едно лице напишало дека со сопругата никогаш не пијат вино, но еден негов пријател кој им бил на гости, споменал некоја компанија за испорака на вино на неговата сопруга, а наредниот ден тој бил таргетиран со реклами за вино на Фејсбук. Уште еден инсистираше дека еднаш им го докажал тоа на своите пријатели некако. Трета напишала дека се запознала со многу корисници каде прислушувањето било единственото можно објаснување зошто им биле прикажани рекламите што ги виделе.

Што е тоа што оваа теорија на заговор за прислушувањето ја прави најпопуларната во светот во технологијата?

Дел од објаснувањето е дека навистина е многу тешко за Фејсбук да докаже дека не го прави она за што се обвинети. Апликациите на компанијата генерално имаат дозвола за пристап до камерата и микрофонот која самите корисници им ја даваат, бидејќи луѓето снимаат видеа и фотографираат со Фејсбук, Инстаграм, Ватсап и Месинџер.

  
 

Иако може да се види од проверка на интернет сообраќајот кон и од вашиот телефон – или дури и само од вашите мобилни податоци – дека Фејсбук не пренесува во живо сè што зборите или правите, секогаш постојат други можности. Можеби прави некаква манипулација со уредот? Или само ”лови” слушајќи клучни фрази? Или експресно брзо префрла се кај нив на сервери кога ќе се приклучите на WiFi?

Фејсбук не си помага во оваа ситуација. Тие имаат долга историја на поместување на границите на она што е прифатливо со цел да се зголемат приходите од рекламите, од профилирање на “етнички афинитет” на корисници (демек нешто сосема различно било од расното профилирање, се колнат!), до спојување на корисничките профили од WhatsApp со главната услуга која ја нудат- Фејсбук. Со таква историја, не е за неверување дека Фејсбук можеби лаже или ги користи опциите од своите услуги на нелегален начин.

Вистинската природа на таргетирањето на алгоритамски реклами сè уште не е широко позната.

Големиот обем на информации што социјалната мрежа ги има за еден типичен корисник е нешто што тешко ќе го разберат повеќето луѓе. Значи, се следи секоја акција направена од вас и вашите пријатели на Фејсбук, како и значителен дел од вашето сурфање надвор од социјалната мрежа благодарение на копчето за споделување на Фејсбук. Исто така, има информации што им ги обезбедуваат вашите пријатели несвесно, како што е онаа на пример, каде што вашиот бивши или бивша, го прикачил својот дигитален адресар на Фејсбук, во кој се содржани вашиот телефонски број и можеби вашата тинејџерска е-маил адреса, со што му се дозволува на Фејсбук да “сфати“ дека го знаете некој си средношколски пријател со кој не сте се виделе со години, кој сеуште ги има вашите постари контакт информации во неговиот адресар. Оттаму, истиот ќе ви го предложи за пријател на Фејсбук.

 
loading...
 

Но да ми простите, не сте толку посебни. Ако имате разговор за одредена тема надвор од Фејсбук со вашите пријатели, тогаш е малку веројатно дека сте единствениот кој ја имал таа тема на разговор. Додека вашиот разговор може да се одржи лично, многу други луѓе денес ќе се впуштат на Messenger или во коментари на Instagram. Не е воопшто тешко да се претпостави дека ако голем број лондонски мажи на возраст од 25 до 34 години, чии интереси вклучуваат рок концерт или некоја панел дискусија, па почнат да зборуваат за купување билети за да ги видат Foo Fighters и тогаш Фејсбук ќе заклучи дека веројатно има и други мажи на возраст од 25 до 34 години во Лондон кои се веројатно со исти цели за истото рекламирање.

Дел од причината што богатите изори на податоци кои ги има Фејсбук не се толку експонирани и ставени под знак прашалник како ги користат е тоа што ретко се користат во целост за рекламите на сајтот. Има доволно рекламни агенции со длабоки џебови и желба да погодат колку што е можно повеќе луѓе со хипер преплатените реклами. Несомено, Фејсбук им ги нуди тие рекламни алатки за да добијат прецизно таргетирање, но самите рекламни агенции се тие кои ги подесуваат и ги ловат потенцијалните клиенти, а не дирекно Фејсбук, со тоа оставајќи простор за грешки и непотполно рекламирање, односно неискористување на целиот потенцијал.

Но, за да ја стекнете вистинска слика за степенот на податоци кои ги има прибрано Фејсбук за вас, најдоброто место да се види тоа е делот каде што ги применува своите огромни бази на податоци во функција на сопствените цели: предлозите за “луѓе што можеби ги знаете”.

Е овде веќе станува непријатно на лично ниво. Мојот профил на Фејсбук има нула пријатели, управува со една страница со пет лајка и следи една личност – Марк Цукерберг. И покрај тоа, сајтот сѐ уште успеа да ме поврзе со еден куп колеги новинари, пријатели на пријатели, некој со кого сме оделе на училиште и брат и на мојата бивша. Како и некој од коњичкиот полк и цел куп Турци, поради некоја причина. Тоа не е совршено, но сè уште е алармантна количина на податоци што некако ги има Фејсбук за мене, иако сум бил натпросечно внимателен за да избегнам да кажам нешто што може да го употреби.

И тоа е јадрото на проблемот. Вознемирувачката способност на Фејсбук да прави точни претпоставки врз основа на нешто што едвај може да се нарече некаква информација не се совпаѓа со она што мислиме дека треба да биде можно. Па, наместо да ги прошириме нашите верувања, полесно ни е да се свртиме кон нешто друго што знаеме е можно: шпионирање.

Ова ќе стане се понагласено прашање како што вештачката интелигенција ќе напредува се повеќе и повеќе во нашите животи. Само замислете кога за прв пат безбедносниот чувар од вештачка интелигенција ќе уапси некого за кражба во некоја соблекувална во бутик – што веднаш ќе доведе до обвинување дека продавницата ги шпионира луѓето кои се пресоблекуваат. Ќе прибегнеме кон повеќе теории за заговор? Или ќе се соочиме со новонастанатата ситуација?

Алекс Херн

(25)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени