| 15.03.2018. ПО ДОМА

Лушпите од јајцата не треба да ги фрлате, а еве и зошто. Калциумот од лушпите од јајце може да биде корисен не само за остеопороза, артритис и зглобови, туку и за децата во развој. Помага и забите да се посилни, а корисен е и за мускулите и нервите.

Лушпите од јајце се консумираат еднаш дневно, обично наутро пред јадење, за да може организмот подобро да го прифати калциумот. Можат да им се даваат и на мали деца, но во мали количини – само колку што можете да фатите со врвот на прстите, како сол.

 
 

Возрасните можат да консумираат најмногу по лажица прав од лушпа, растворена во чај или лимонада. Лушпите од јајце се земаат еден месец, секое утро.

Како се консумираат

  
 

После употреба на јајцата, лушпите зачувајте ги, измијте ги во вода и исушете ги. Можете благо да ги пропржите во тава или во рерна 10-тина минути. Откако изложувајќи ги на висока температура ќе ги отстраните евентуалните патогени, лушпите се мелат во ситен прав. Правот од лушпа секогаш се јаде или пие со лимон, бидејќи со помош на витаминот Ц организмот подобро го прифаќа калциумот. Правот од лушпа од јајца можете да го пиете во лимонада или чај со лимон.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени