| 19.12.2017. ПО ДОМА

Ако прво го учите да не разговара со непознати, а потоа го терате да седне во скут кај непознат чичко иако тоа се плаши, тогаш сосема ќе го збуните детето.

Ние сме речиси сигурни дека се ретки родителитекои во семејниот албум не поседуваат фотографија од расплакано дете во скутот на Дедо Мраз. Ако годинава по првпат сакате да го запознаете вашето дете со симпатичниот дедо еве зошто не би требало да го форсирате ако се плаши.

Трауматично искуство.

 
 

Еден од најголемите детски стравови се сигурно маскираните непознати луѓе и кога рацционално че погледнете тоа е сосема логично. Дедо Мраз на сика изгледа симпатично, но во живо тој на децата им делува застрашшувачки. Некои деца толку многу се трауматизираат што подоцна имаат ноќни кошмари.

Збунувачки пораки.

Од оној момент кога децата почнуваат да зборуваат и да го сфаќаат значењето на зборовите родителите почнуваат да ги предупредуваат на опасностите кои ги опкружуваат, а на врвот од листата се главно непознати луѓе со кои децата не би требало да разговараат. Ако вие инсистирате детето да седне во скут кај некој непознат чичко, па акар тоа бил и Дедо Мраз, тоа може да биде збунувачки за вашето дете.

  
 

Нарушување на довербата.

Децата ги сакаат своите родители безусовно и бескрајно им веруваа, а посетата на Дедо Мраз лесно може да ја наруши таа доверба затоа што вие на некој начин го оставате детето таму кадешто тоа не се чувствува пријатно и уште му велите дека треба да се насмее и да не плаче од петни жили.

Еден од најдобрите начини да воспитате и да одгледате среќно дете е да го научите како да се справува со различни емоции. Животот не е секогаш лесен и децата во текот на истиот ќе се соочуваат со различни емоции речиси секојдневно. Ако го научите детето како да ги препознае и како да се справува со емоциите го подготвувате за независен живот. Токму од таа причина никако не треба да инсистирате на ситуации кои на децата не им се воопшто пријатни, особено ако истите не се неопходни. Во секоја ситуација прво помислете на чувствата на своето дете, а потоа на се останато. Пред да одите кај Дедо Мраз, разговарајте со детето, па дури и ако вели дека мноу сака, ситуацијата може да се смени во оној момент кога ќе го здогледа Дедо Мраз. Ако во тој момент се премисли, едноставно не инсистирајте, туку завртете се и одете си дома.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени