| 27.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

За вас што не знаете, ако воопшто има такви, нацистите се лошите момци, они се самата дефиниција за зло во лексиконите. Тие извршиле злосторства за кои дури и не постојат зборови за да се опишат.

Арно ама, сега, теоретичарите на интернет-заговори од типот ”рамна земја” и останати будалаштини, би сакале да поверувате дека тие се одговорни за уште една измишљотина на човештвото: Мињоните.

Да, оние чудните ликови од Dispicable Me, кои се сакани од милиони низ светот за нивната комичност и интересен изглед.

 
 

 

Но, како што е случајот со теоретичарите на заговори по интернет деновиве – вид морони кои би сакале да верувате дека Пол Макартни починал во 1966 и ова денес е некој друг, или дека кралското семејство на Британија и целата глобална елита се, всушност, рептилни чудовишта од друга планета, они би исто така, да верувате дека дизајните за “Мињоните” се базирале на “еврејските деца усвоени од нацистичките научници со единствена цел, да ги искористат во експериментите со отровни гасови”.

  
 

Оваа теорија циркулираше на Твитер во јули 2015 година и се здоби со некои поборници, но како и повеќето теории за заговор, беше откриено дека се живи глупости.

 

 
loading...
 

Сликата што ја гледате погоре, беше искористена за да го “поддржи” тврдењето, а всушност, тоа е слика на костими за бегство од подморница, која датира од околу 1908 година, многу години пред појавата на нацизмот, и не е некој уред кој се користи за администрирање на отрови кај еврејските деца, фала богу.

Теоријата продолжува дека Миноните биле измислени за да ја измамат општата јавност и нивните деца во потсвесно прифаќање на нацистичката идеологија. За среќа, оваа потенцијално навредлива глупост од моронски размери не доби многу внимание, бидејќи повеќето луѓе едноставно не се толку блесави.

Мислиме дека тоа беше Абрахам Линколн, кој еднаш рече: “Не верувајте во сè што читате на интернет, само затоа што има слика со некој цитат до неа“!

Фино кажано Линколне!

(1)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени