| 31.10.2017. ПО ДОМА

Не сакаме никого да испаничиме или да бидеме обвинети за поттикнување на анархизам или нешто слично, ама дечки и девојке, експертите сметаат дека е на повидок опасен недостаток на вино. Дури и во тиквешијата, бем ли га…

Според CNN, екстремните и “катастрофални” временски услови, вклучувајќи ги сушите во европските земји главни за производство на вино, како Франција, Италија и Шпанија, доведоа до мала жетва. Што од своја страна доведе до помалку производство на вино. Кое потоа доведе до солзи додека го пишувамe ова.

 
 

Засегнатите 3 европски земји се одговорни за повеќе од половина од виното произведено во светот, а во 2017 година ќе бидат погодени од “историски пад” на производството.

Според Европската комисија, жетвата оваа година ќе биде најлоша од 1982 година, со пад од 14 отсто споредено со 2016 година.

Тука не се само европските производители на вино кои беа погодени. Шумските пожари кои пустошеа низ винскиот регион во Калифорнија, кој е четврти најголем производител во светот, ќе придонесе кон винската криза да стане уште поголема. И лошата вест е тоа дека засега штетата што е предизвикале пожарите не е целосно позната.

  
 

Мајкл Кајзер, потпретседател на WineAmerica, за CNN изјави: “Вистинската опасност е потенцијалната загуба предизвикана од штетите на лозите за идните години. Далеку сме од тоа да знаеме што би можело тоа да значи за винариите”.

Се разбира, пазарна економија и помалку вино, значи дека има добри шанси цените на виното да се кренат и ако тоа е случај, тогаш ќе треба да најдете друг пијалок кој има сличен волумен на алкохол и цена. Страшни времиња.

 
loading...
 

Според CNN, некои винарии веќе ги зголемија своите цени за дури 10 отсто и не чекаат и официјална потрврда за кризата која се ближи.

Стивен Ранклев, експерт за пијалоци, предвидува “драматичен пад на достапноста на вино во 2018 година” и дека потрошувачката на вино најмногу ќе се изрази кај “поевтините вина”.

(51)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени