| 06.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Единствениот жив доказ за неандерталците денес е во геномите на луѓето. Научниците сметаат дека помеѓу еден и пет проценти од модерните европски и азиски геноми содржат неандерталска ДНК – потсетник дека, за период од околу 15.000 години, анатомски современите луѓе и неандерталците коегзистирале и се мешале се до целосното исчезнување на неандерталците пред 38.000 години.

Природата на односите меѓу современите луѓе и неандерталците и она што на крајот го предизвикало исчезнувањето на неандерталците, сé уште се дебатира. Студијата објавена во вторникот во Nature Communications ја продолжува таа дебата, претпоставувајќи дека неандерталците од секогаш биле осудени на пропаст.

Општо прифатено е дека хоминидните видови се сретнале и се соединувале кога група на современи луѓе мигрирале од Африка на крајот на средната палеолитска ера, но научниците не биле во можност да утврдат дали евентуалната смрт на неандерталците била резултат на конкуренцијата со луѓето или фактори на животната средина. Меѓутоа, научниците од Универзитетот Стенфорд, кои стојат зад новата студија, користеле компјутерско моделирање за да покажат дека континуираната миграција на современите луѓе од Африка во Евроазија значи дека тие ќе ги заменат неандерталците, без разлика дали природната селекција или други фактори на животната средина одиграле улога во неандерталскиот колапс.

 
 

“Нашиот едноставен модел сугерира дека повторливата миграција од Африка во Левант и Европа – дури и со ниска стапка – беше доволна за да резултира со замена на неандерталците, дури и ако ниту еден вид нема селективна предност над другиот и без оглед на можните разлики во популационата големина помеѓу двата вида “, пишуваат истражувачите.

Доминантните теории за тоа што им се случило на неандерталците се дека или факторите на животната средина, како што се климатските промени или епидемијата, предизвикувале античките суштества да изумрат, или дека современите луѓе имале некаква селективна предност. Оваа специфична предност варира со хипотезата на научниците, но најмногу споделена идеја е дека Homo sapiens-от имал супериорен когнитивен капацитет, а културата што произлегла од тоа им овозможила да напредуваат.

Истражувачката од Стенфорд, Орен Колодни, докторант за истражување и д-р Маркус Фелдман, велат дека нивниот модел не докажува или не ги побива ниту една од овие теории, но нагласува дека неандерталците ќе бидат раселени од современите луѓе, во секој случај.

  
 

Истражувачите ја воделе оваа симулација која го демонстрирала ова навлегување на човечка миграција повеќе од милион пати, а во огромното мнозинство на испитувањата беше заклучокот ист: луѓето ќе ги заменат неандерталците. Дури и кога стапките на миграција на луѓето биле ниски, неандерталците во моделот изумреле во рок од 12.000 години. Ова, според Колодни и Фелдман, предлага сценарио за “постепена замена”.

Дали и други фактори придонеле за колапс на неандерталците, останува да се докаже. Овој модел покренува прашања во врска со тоа дали современите луѓе навистина биле супериорени во толкава мера во однос кон нивните громадни, тешки соперници – и двата вида живееле во истата еколошка ниша, но бројките биле во корист на луѓето.

(43)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени