Од кој се плаши најмногу Ким Јонг? Не е Трамп, не е Кси, ниту Путин, туку од својот народ. Постои една стара корејска поговорка која вели: “Темно е директно под фенерот”. Тоа значи дека понекогаш одговорот ни е точно под носот. Додека светот се фокусира на надворешни фактори за да изнајдат решение за проблемот со Северна Кореја, никој не обрнува внимание на она што всушност се случува внатре во земјата.

Во вистинската Северна Кореја, надвор од ракетните тестови и клинички прецизните улици на Пјонгјанг, историјата ќе се повтори. Според извештајот на ОН објавен претходно оваа година, 4,4 милиони Севернокорејци живеат на работ на глад. Тоа е речиси една петтина од населението. Тоа е изненадувачка фигура, особено ако се знае дека слична трагедија имаше пред две децении кога изумреа скоро 3 милиони севернокорејци.

Според Парк Жихјун, севернокорејски дезертер кој сега живее во Манчестер, “Сите се наоѓаат на работ. Шеесет години веруваа во Големиот Лидер, Големата Земја, за ништо. Сите се уморни од животот”. Ким Јонг-Ун можеби успеал да ја прикаже моќта и стравот кај остатокот од светот, но го заборавил својот народ. Парк вели дека севернокорејците ќе ја поздрават евентуалната војна како ” да тие ќе умрат во секој случај, не им е важно како ќе умрат”.

 
 

Новајлијата Ким Јонг-Ун не го оправдува овековечувањето на наследството од својот татко и дедо и верува дека треба да стане нуклеарен суперхерој за да го одржи својот народ марширајќи напред. Но, Севернокорејците веќе не се толку покорни како што некогаш беа. Од гладта на деведесеттите години на минатиот век, се разви мрежата на Jangmadang, црни пазари, кои воведоа некаков рудиментарен капитализам, што пак им покажа нов пат напред во трговијата со стоки преку границата од Кина. Луѓето допреа во надворешниот свет и не поптаѓаат толку лесно на владината пропаганда оттогаш.

Дефекторите како Парк, исто така, претставуваат закана за режимот. Во текот на изминатата деценија десетици илјади луѓе како неа, избегаа од царството на водачот, надевајќи се на подобар живот и прават се што можат за да останат во контакт со своите семејства. Активистичката група “борци за слободна Северна Кореја” предводена од дефектори испушта USB-дискови, ДВД-а и про-демократската литература во Северна Кореја со балони. Вестите од надворешниот свет се влеваат во Северна Кореја преку овие нелегални канали.

Наместо слепо да претпоставуваме дека има само воено решение за проблемот и да го зголемуваме влогот преку Твитер, мора да бараме начин како да ги поттикнеме луѓето од Северна Кореја. Треба да ја фокусираме енергијата на јакнењето на опозициското движење во Северна Кореја, кое ќе биде доволно силно за да го собори Ким Јонг-Ун и да дозволиме луѓето да тргнат по патот кон демократските промени, а не војна.

  
 

Но, како да ја поттикнеме гладната популација? Не со испраќање на меѓународна помош. Помошта во храна е пренасочена кон армијата и завршува со помош на Ким Јонг-Ун за дополнително да ја развие и зајакне својата воена моќ. Ким династијата ја користела нивната гладна популација како мамка во средината на 1990-тите за да ги извлече меѓународните субвенции, кои никогаш не стигнале до луѓето кои имаат најголема потреба.

Не е само помошта во храна која треба да се оневозможи. Треба да се оконча и приливот на клучни странски валути во земјата. Десетици илјади Севернокорејци се испраќаат во странство за да работат како робови, уценувани да испраќаат дома над 1,5 милијарди фунти секоја година, според ОН. Ние мора да престанеме да им одобруваме работни дозволи на овие луѓе. Исто така, мораме да ја намалиме злоупотребата на дипломатскиот имунитет од страна на севернокорејските дипломати кои што во минатото веќе беа фатени како шверцуваат злато.

Информациите се тие кои треба да течат – не помош во храна, не цврста валута – и бегалците треба да можат да избегаат полесно. Брутално како што звучи, но Севернокорејците мора да бидат оставени да се грижат за сопственото чудовиште. Колапсот на култот на големиот лидер е само прашање на време. Она што треба да го планираме е последица, бидејќи ова е случај кога Севернокорејците ќе ни требаат повеќе од било кога.

 
loading...
 

Рачел Џудах

(696)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени