| 29.01.2018. ДЕШАВКИ

Date : 03.02.2018. - 04.02.2018.
Location : Скопје
Venue : Планинарски дом Караџица
Start : 08:00
Price : 750 мкд

Одиме на една порелаксирана тура со спиење и журка. Турата е за сите планинари, непланинари, рекреативци и позитивци со добро расположение. Добредојдени се сите оние кои можат да се пронајдат во групава

Турата е лесна.

АГЕНДА:
– Поаѓаме во сабота во 08:00 часот од паркингот пред Пошта 2 на Железничка станица, а се враќаме во недела во попладневните часови.
– Се возиме со комбиња по многу лош (крш) пат до хотелот Принц, од каде што почнуваме со искачување до домот Караџица.
– До домот се оди околу 2 часа по макадам и по шумски пат со преубави глетки и пејзажи на планините Китка и Караџица од масивот Мокра.
*** Во зимски услови патеката се оди временски подолго и побавно ***
– Во сабота, по пристигнувањето во домот уживаме во зимската идила околу нас, а потоа правиме гезме-журка во новиот дел на домот.
*** По договор со домот, целото пиење ќе се купува од таму, а мезето си го носи секој сам.***
– Во недела одиме на утринска прошетка до Жаба и долу до реката (околу 2 часа пешачење во двата правци).
– Доколку има интерес, може да се качи врвот Мунџица
– По враќањето во домот, нашата група дава ручек – посно гравче со лепче.
*** Кујната е отворена и ќе може разумно да се користи, што значи сѐ што ќе се употреби мора да се измие и да се остави во уредна состојба.***
– По ручекот, го напуштаме домот и се спуштаме до хотелот Принц, каде што нѐ чекаат комбињата.

 
 

ЦЕНА на целиот аранжман (спиење и превоз) чини 750 денари по човек.
Плаќањето е најдоцна до четврток 1 февруари до 19:00 часот.
Домот располага со ограничен број места за спиење (само 40). Затоа, реагирајте ПОБРЗО!
Пријавување кај:
Хари ✆ 077 -743 599
Дејан ✆ 071-212 808

ПОАЃАЊЕ
Поаѓање САБОТА од пред Пошта2 на Железничка Станица – Скопје во 08:00 часот со прдвидено враќање во Скопје во НЕДЕЛА до 21:00 часот

*** ВАЖНО! ***
Aко се соберат 17 луѓе кои поради обврски можат да тргнат кон Караџица после 16:00 часот во сабота, ќе им организираме превоз и ќе ги пречекаме пред хотелот Принц за да одиме нагоре заедно. За нив е задолжителна челна ламба.

  
 

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:
– психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови;
– високи разгазени зимски чевли и гамашни;
– зимска топла облека која штити од дожд и ветер;
– зимски ракавици и капа;
– планинарски стапчиња;
– облекување во слоеви.

ИСХРАНА:
– секој сам си носи храна за два дена, со напомена дека во недела имаме заеднички ручек;
– вода 1 л.

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

 
loading...
 

(4)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени