| 08.11.2017. ПО СВЕТОТ

Европа е дом на грчкиот Партенон во Атина, римскиот Колосеум во Рим, Ајфеловата кула во Париз и уште многу, многу повеќе архитектонски ремек-дела. Знаете ли што ни недостасуваше? Подводен ресторан. Токму компанијата наречена Snøhetta е во мисија да го промени тоа. Тие ја дизајнираа структурата на три нивоа со широк панорамски прозорец со должина од 36 метри, кој им овозможува на посетителите да “патуваат” под  површината на морето во јужна Норвешка.

Ресторанот, или поточно струкурата ќе се вика ”Under”, што е типчно прагматично име, нали? На прв поглед, “Under” изгледа како бетонски контејнер, фрлен во плитките води во близина на селото Бали, но чим влезете внатре во неа ќе зрачи животот. Ресторанот ќе има простор за сместување до 100 гости, а зградата дури ќе се користи и како морски истражувачки центар кога никој нема да јаде. Да не им стои фазла…

“Повеќе од аквариум, структурата ќе стане дел од својата морска средина, потпирајќи се  директно на морското дно, пет метри под површината на водата”, пишува Snøhetta. “Како подводен перископ, масивните акрилни прозорци на ресторанот ќе нудат поглед на морското дно како што се менува низ сезоните и различните временски услови”.

 
 

Snøhetta се надева дека ќе почне со изградба следната година, со цел да се отвори во 2019 година.

 

 
 
 
loading...
 

(38)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени