| 10.02.2018. ПО СВЕТОТ

39 годишната Дијана Ринго одлучила да се врати во форма после породувањето. Американката после третото породување ги изгубила своите бујни облини, па бидејќи била незадоволна со својот изглед, мајката на три деца одлучила да носи корсет во текот на целиот ден. Го соблекувала само кога одела на вежбање или кога се туширала.

“Кога носам корсет се чувствувам атрактивно. Ми помага да ја вратам самодовербата и се чувствувам пријатно во својата кожа. Не бев задоволна со своето тело, бидејќи бев дебела. Немам ништо против повисока килажа, но кај мене тоа не беше убаво распоредено, па изгледав како машко”, вели Дијана која 9 години работела како куварка во американската морнарица.

Сега, таа вели дека е задоволна со својата фигура.

 
 

“Кога ќе го соблечам корсетот, чувството е исто како да го соблекувам градникот. Меѓутоа, само што ќе го соблечам се чувствувам необично, бидејќи веќе се навикнав на него”, вели Дијана и истакнува дека денес има 54 килограми.

Нејзиниот изглед привлекува внимание каде и да се појави, а нејзиниот сопруг Брет Ринго (33), кој инаку е офицер во морнарицата ја поддржува својата сопруга. На почетокот вели дека бил загрижен за неа, но со текот на времето ја прифатил нејзината одлука.

“И кога спијам со мојот сопруг носам корсет. Сакам кога ќе ме фати за каишот и силно ќе ме затегне”, тврди Дијана.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени