| 06.12.2017. ПО СВЕТОТ

Во рускиот град Перма секојдневно се практикува опскурна модифицирана верзија на руски рулет во која учесниците пукаат еден во друг, но наместо куршуми користат електрошокови.

*Внимание! Содржината може да ве вознемири

Идејата што ја добил еден парализиран спортист станува сѐ попопуларна меѓу одредени групи луѓе. Играта носи и заработка, но и адреналин, тврдат учесниците. Тие, меѓу другото, признаваат дека електрошокот предизвикува сериозни проблеми.

 
 

Основните правила се исти како во класичен „руски рулет“: играчот става еден „куршум“ во празното буренце на револверот и го врти. Потоа пиштолот оди во круг и секој од играчите го повлекува чкрапалото на револверот вперен во глава.

Меѓутоа, наместо класичен куршум внатре има куршум што исфрла струен удар. Овие „електрокуршуми“ се прилично непријатни и по ударот, жртвата чувствува пецкање, а мускулите почнуваат да се грчат.

  
 

Играчот кој ќе издржи најдолго, односно оној кој ќе ја скрие болката подобро, или оној кој има најмногу среќа, се прогласува за победник, пишува „Руски весник“.

Во играта не е дозволено да се користат имиња и прекари, туку на на играчите им се даваат броеви. Во првата етапа, играчите му пукаат во тил на играчот пред нив. Има и систем на триаголник во кој жена и двајца мажи пукаат едни во други.

 
loading...
 

Кога модераторот ќе каже дека „сите се живи“, буренцата на револверите пак се вртат. Потоа има уште едно одбројување и повлекување на чкрапалото. Постапката се повторува пет пати додека не почне да се грчи вратот на еден од играчите. Тој играч излегува од игра.

Додека социолозите се обидуваат да сфатат што ги тера луѓето да ја играат оваа опасна и опскурна игра, една од учесничките, Јекатерина Абизова, вели дека најлошо е кога струјниот удар ќе те погоди над каротидната артерија што предизвикува грчење на мускулите на вратот.

Таа додава дека е полесно да блефираш кога „куршумот“ ќе те погоди во рака или во чело.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени