| 28.12.2017. ЗДРАВА ХРАНА

Имаме еден супер предлог – после новогодишниот ручек, кога сите ќе мислат дека немаат веќе простор во стомакот, изнесете и послужете ги овие јајца како десерт.

За момент, застанете и гледајте ги реакциите на гостите и домашните.

Потоа замолете ги да земат лажичка и да уживаат во нив, затоа што ништо не е така како што изгледа.

 
 

За да го подготвите ова слатко изненадување потребни ви се следните состојки:

Сочувајте 16 лушпи од сварени јајца, барем до половина да се цели. Измијте ги внимателно.

За жолчките:

  
 

Џем со средна густина и портокалова боја, на пример кајсија. Ако џемот е премногу густ, разредете го со млеко или вода, а ако е редок, згуснете го со варење.

За белките:
– 400g крем сирење
– 250g кисела павлака
– 120g шеќер во прав
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 1 лажичка сок од лимон

Подготовка:

 
loading...
 

Сите состојки за белките измешајте ги со миксер, да нема грутки. Потоа полнете ги лушпите, оставајќи малку простор во средината, во која треба да дојдат жолчките. Мармаладот од кајсии ставете го со мала лажичка или со готварски шприц во средината на јајцето.

Разладете пред да послужите и гледајте ги воодушевените лица.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени