| 31.01.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Министерството за здравство на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги објави плановите за создавање на првата во светот болница во вселената – „Emirates Space Hospital“, пријавени „Khaleej Times“, цитирана од агенциите.

Проектот ќе стане дел од националната вселенска програма на ОАЕ.

„Космонаутите ќе добијат медицински третман во вселената, но тоа ќе биде контролирано на Земјата со помош на нанотехнологијата“, изјави портпаролката на министерството д-р Култам ал Белуши.

 
 

„Телемедицината нема да се користи само во болниците, туку ќе се користи и во вселената“, истакна таа.

Проектот ќе биде започнат истовремено со отпочнувањето на мисијата на ОАЕ на Марс во 2020 година. Првично, проектот за вселенска болница ќе биде тестиран на Земјата.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени