| 07.02.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Пердув топче + нулта гравитација = играта може да почне! Астронаутите од рускиот „Роскосмос“, американската НАСА и јапонската JAКСA учествуваа во првиот турнир во бадминтон во вселената што се одржа на Меѓународната вселенска станица (МВС). Руската национална федерација за бадминтон ја објави веста на 6 февруари и дури и обезбеди видео за овој историски настан.

Сите учествуваа – руските космонаути Александар Мизуркин и Антон Шкаплеров, астронаутите на НАСА Џозеф Акаба и Марк Ванде Хаи, како и Норишиге Кана од ЈАКСА. Немаше победник, иако никој не го броеше резултатот – духот на пријателството надвладеа.

„Се одржа првата тимска игра далеку од Земјата. За мене тоа е како да ставите знаме на Марс“, изјави командирот на 54 експедиција на МВС Александар Мизуркин. „Се прашувате зошто бадминтон? Бидејќи го сакам“.

 
 

Според командирот, двоен победник на турнирите во бадминтон во рускиот вселенски центар за обука Старт Сити, спортот ги обединува луѓето, ги подобрува здравјето и силата, и претставува одлична забава.

Нулта гравитацијата навистина ја тестира креативноста на космонаутите. Еве уште еден начин како да се забавувате во вселената: Возење правосмукалка.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени