Асистент за човечки ресурси – KFC Macedonia

Регион: Скопски
Краен рок за пријавување: 24/07/2018
Емаил: [email protected]
Контакт телефон:

Аплицирајте на: [email protected] со назнака “HR Officer” . Вашето CV и останатите релевантни документи треба да бидат на англиски јазик.

 
 

Опис на работата:
Дефинирање и имлементирање на HR процедури, работни инструкции и образци согласно стандардите за квалитет и законски барања и во строга согласност со барањата на регулативите на компанијата, како што се: регрутирање, селекција, односи со вработените, управување со културата на работење, стратешко планирање на надомест и бенефиции.

Должности и одговорности:
– Креирање на огласи за работа за нови вработувања;
– Организирање и спроведување на интервјуа за вработување;
– Управување со ефикасноста на вработените. Пополнување и распоредување на работните позиции во рестораните.
– Организација на личните досиеја на вработените;
– Креирање на потребна обука за вработените;
– Следење на обуката на кандидатите за вработување;
– Поставување цели, евалуација и проценка на вработените;
– Составување на договори за вработување, во согласност со законските одредби;
– Водење и организирање на отсуствата на вработените, како што се годишен одмор, отсуство поради боледување и други видови отсуства;
– Успешно следење на културата и климата за да се обезбеди високо ниво на ангажираност на вработените;
– Координација на сите видови на активности во делот на човечки ресурси за вработените;
– Координација со Оперативниот Оддел и другите оддели на KFC;
– Ефективна комуникација со регионалните тренери, менаџери за ресторани;
– Следење на водечките културни програми за управување и мотивирање на работната сила.

  
 

Потребни квалификации и вештини:
– Високо образование – Хуманистички или Економски Науки
– Најмалку 2 години работно искуство во доменот на човечки ресурси – Кандидатите со претходно искуство во човечки ресурси во рамките на производствената или угостителската индустрија, ќе имаат предност во процесот на селекција;
– Напреден корисник на MS Office;
– Пожелно искуство во работа со софтвер за човечки ресурси;
– Развиени комуникациски вештини во говорна и писмена форма на македонски, англиски и албански јазик;
– Способност за тимска работа и одлични ораганизациски вештини;
– Позитивно однесување на работното место.

(58)

loading...

Вашиот коментар