Координатор со клиенти – Живко Мијатовиќ енд партнерс

Регион: Скопски
Краен рок за пријавување: 27/09/2018
Емаил: [email protected]
Контакт телефон:

Друштво за застапување од областа на индустриска сопственост ЖИВКО МИЈАТОВИЌ АНД ПАРТНЕРС ДОО Скопје распишува оглас за работна позиција:

 
 

Координатор со клиенти

Потребни Квалификации:
– Високо образование 7-ми степен – завршен Филолошки факултет, прв јазик – англиски јазик,
– Висок степен на елоквентност во писмена и усна комуникација,
– Одлично владеење со македонски јазик,
– Солидно познавање на српски/ хрватски јазик
– Пожелно искуство во повисоките позиции за услуги на клиенти

  
 

Други барани работни комепетенции:
– Способност за утврдување на приоритети на различни задачи; високи комуникациски и организациони способности и уверливост во настапот; изразена прецизност, брзина и ажурност во работењето, висока одговорност, совесност во работата и педантност; аналитичност и систематичност, проактивност во решавањето проблеми; познавање деловна документација и деловна кореспонденција; однесување во согласност со цврсти етички начела; сталоженост и трпение во односот со други лица; ознавање на Microsoft Office и способност за брзо пишување на компјутерска тастатура.

Проверка на знаење и вештини се ќе се изврши со непосреден разговор на интервју и/ или по меил комуникација.

Главни одговорности:
Координирање и организација на состаноци со клиенти, прием на клиенти и грижа за нив, ажурирање и одржување на база на податоци, одговарање на телефонски повики и одговарање на директни ад-хок прашалници, посредување во интерна и деловна кореспонденција, следење на службен меил на работодавачот и одговарање и проследување мејли на одговорните, преводи за потреба на работодавачот, креирање и ажурирање досиеа, како и дигитализирање и архивирање на документи и податоци и поврзана кореспонденција и документација во материјална и електронска форма.

Вашите CV-a испраќајте ги на [email protected]

(24)

loading...

Вашиот коментар