Лабораториски Администратор – GenLight

Регион: Скопски
Краен рок за пријавување: 10/08/2018
Емаил: [email protected]
Контакт телефон:

GenLight е новосоздадена компанија за индустриска микробиологија и развој на дијагностички системи. Минималниот критериум за разгледување на вашата апликација е поседување на додипломско образование од областа на молекуларна биологија, биотехнологија, ветеринарна медицина или фармација и одлично познавање на англискиот јазик и способност за читање, критичка анализа и пишување на научни трудови.

 
 

Идеалниот кандидат што го бараме има познавања и искуство, или е заинтересиран/а да научи во првиот месец:
– Припрема на раствори на реагенси
– Синтеза на органски соединенија
– Испитување на концентрација на контаминанти во раствори
– Спектрофотометриски и флуориметриски техники, и квантитативни метoди за анализа на истите
– Микробиолошки техники и управување со клеточни култури
– Изолација, сепарација и амплификација на ДНК и РНК
– Секвенционирање на ДНК
– Ензиматски манипулации на ДНК и РНК
– Техники за клонирање
– Конструирање на рекомбинантна ДНК
– SDS-PAGE анализа на протеини
– Основни биоинформатички алатки
– HPLC

Сите заинтересирани кандидати се добродојдени да го пратат своето CV на [email protected] Успешните кандидати ќе влезат во првиот круг на предселекција што вклучува тестирање на вашите познавања, а кандидатите што ќе докажат теоретско знаење ќе бидат повикани на интервју во лабораторијата на GenLight.

  
 

(41)

loading...

Вашиот коментар