Маркетинг асистент – Bebel Toys Ltd

Регион: Скопски
Краен рок за пријавување: 19/09/2018
Емаил: [email protected]
Контакт телефон:

ОГЛАС за МАРКЕТИНГ И МЕРЧЕНДАЈЗИНГ АСИСТЕНТ (Assistant Buyer)

 
 

За Бебел:
Bebel Fashion е млада компанија која се занимава со малопродажба на женска модна облека. За кратко време успеавме да станеме препознатлив бренд на македонскиот пазар и да направиме една од поголемите мрежи на бутици во Скопје. Моментално имаме 5 продавници во Скопје, со план во наредната година да се прошири нашата продажна мрежа и во други градови во Македонија.

Како Маркетинг и Мерчендајзинг Асистент (Assistant Buyer), ќе имаш можност да работиш во млада брзорастечка компанија. Твојата кариера ќе расте како што растеме и ние.

  
 

Работни обврски:
– Помагање во изготвување и имплементирање на маркетинг стратегијата на компанијата;
– Организирање на промотивни кампањи и сликање на нова колекција;
– Одржување на FB и другите профили на компанијата;
– Организирање на визуелниот мерчендајзинг во малопродажните објекти;
– Изготвување на извештаи за материјалните продажби со цел анализирање и оптимизирање на продажбите и предвидување на трендовите;
– Организирање на попусти во продажните објекти;
– Менаџирање на залихата во продажните објекти;
– Одржување на блиски релации, комуницирање на плановите и продуктите со продажниот персонал во продажните објекти;

Потребни квалификации, знаења и вештини:
– Завршено високо образование по Маркетинг Менаџмент, Моден Дизајн или соодветно искуство во дадената област
– Аналитички способности и познавање на основните финансиски и маркетиншки поими
– Познавање на пазарот на модната женска облека
– Добри организациски и ораторски вештини
– Основно познавање на Microsoft Word и Excel

Огласот трае 14 дена од објавувањето.

Апликации и ЦВ испратете по меил на следнава адреса : [email protected]

(53)

loading...

Вашиот коментар