Менаџер за продажба – Клиар Вју

Clear View BTC (www.clearview.com.mk) како регионален лидер во областа на тренинзите за стекнување на знаења и вештини од областа на Бизнисот и менаџментот објавува оглас за следнава позиција:

Координатор за продажба и развој

 
 

Потребни квалификации:
•    ВСС;
•    Познавање на менаџмент;
•    Соодветно работно искуство вo продажба минимум 3 години;
•    Задолжително познавање на англиски јазик;
•    Менаџерски и продажни обуки;
•    Предност имаат лицата со Microsoft Office Specialist (MOS) сертификат;
•    Возачка дозвола за Б категорија и можност за патување во странство.

Личен профил:
•    Комуникациски и презентациски вештини;
•    Способност за работа под притисок и фокусирање на повеќе работни задачи во исто време;
•    Ориентираност кон тимска работа;
•    Професионален однос кон работни обврски;
•    Способност за преговарање, убедливост и градење однос со потрошувачи;
•    Креативност, силно изразена проактивност и иницијативност;
•    Ориентираност кон постигнување на цели и резултати;
•    Ефективност и организираност.

  
 

Одговорности:
•    Водење, унапредување и промоција на продажбата;
•    Комуникација со постоечки и потенцијални комитенти;
•    Остварување на деловни состаноци и презентации;
•    Изготвување на програма и стратегија за продажба и развој;
•    Развој и креирање на нови услуги;
•    Развој и креирање на менаџерски обуки;
•    Развој и креирање на обуки за унапредување на бизнис вештини;
•    Продажба на обуките и услугите;
•    Следење на финансиски резултати и таргети;
•    Изготвување на извештаи.

Нудиме:
•    Полно работно време;
•    Можност за развој и напредување;
•    Солидна плата со  постојана можност за бонуси;
•    Мотивирачка работна средина и можност за тимска работа.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови може да го испратат своето CV и мотивационо писмо,  доказ за познавање на англиски јазик, дополнителни сертификати што ги потврдуваат горенаведените квалификации, со назнака “Координатор за продажба и развој“ најдоцна до 31.07.2018 година на следната маил адреса: [email protected]

Само оние апликации кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Регион: Скопски
Краен рок за пријавување: 31/07/2018
Емаил: [email protected]
Контакт телефон:

(49)

loading...

Вашиот коментар