Оглас за доделување стипендии за втор циклус студии на УКИМ за академската 2018/2019 година

ОКТА АД Скопје во академската 2018/ 2019 година доделува десет стипендии на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, запишани на втор циклус студии на одредени студиски програми на следните факултети:

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА: 
Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

 
 
  1. Да има завршено прв циклус студии во траење од осум семестри на факултетот на кој аплицира за стипендија, со постигнат просечен успех од најмалку 8,00;
  2. Да поседува сертификат, како доказ за активно познавање англиски јазик;
  3. Да не е корисник на стипендија од други даватели;
  4. Да е државјанин на Република Македонија;
  5. Предност ќе имаат кандидати кои не се во редовен работен однос.

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: 

  1. Пријава (формулар достапен на интернет страницата на Факултетот на кој се конкурира);
  2. Копија од диплома/ уверение за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех;
  3. Уверение – потврда за активно познавање англиски јазик;
  4. CV на македонски јазик.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:
Стипендијата ги покрива трошоците за школарина за одредените студиски програми во висина утврдена во Конкурсот за запишување на студенти на втор циклус студии на УКИМ во академската 2018/ 2019 година.

  
 

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Крајниот рок за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од втор циклус е 16.10.2018 година. Документите може да се испратат по пошта или да се достават директно во архивата на Факултетот на кој се конкурира.

Кандидатот ќе биде избран од страна на Комисија составена од претставници на ОКТА АД Скопје и претставници од Факултетите, а за кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.

Контакт лице за дополнителни информации:
Мирко Трајановски +389 2 2532 565, email: [email protected]

(15)

loading...

Вашиот коментар