Општ работник – Декра

Регион: Надвор од Македонија
Краен рок за пријавување: 15/08/2018
Емаил: [email protected]
Контакт телефон: 02 3230 952

Наш клиент е групација со седиште во Австрија, која со своите производствени погони, сервиси и продажни салони е распространета низ Европа, Јужна и Северна Америка и Азија. Како компанија која е меѓу водечките производители на иновативни и ефикасни хидраулични системи за кревање на товар своите производи ги извезува во повеќе од 130 земји во светот.

 
 

Компанијата важи за светски лидер во производството на автокранови и системи за дигање и транспорт и е основана уште во 1932 година.

За нивните потреби за проширување на тимот во производствените погони во Бугарија во областа Јамбол, с. Тенево специјализирани за производство на хидраулични цилиндри за кранови, ги огласуваме следните работни позиции:

  
 

OПЕРАТОРИ НА CNC МАШИНА (10 позиции)

Потребни квалификации:
Завршено средно образование
– техничка насока ќе се смета за предност;
– Предходно работно искуство од минимум 6 месеци во производство на иста или слична позиција – НЕ е задолжително, но ќе се смета за предност
– Основно познавање на Англиски јазик или основно познавање на Германски јазик НЕ е задолжително, но ќе се смета за предност

Лични карактеристики, вештини и спосособности:
– Презицност и ориентираност кон детали
– Способност за читање на технички инструкции за управување со машини и техничка документација
– Добра здравствена и психофизичка подготвеност
– Способност за изведување основни математички операции
– Уредност и грижа за техничката и хигиенската исправност на машините и работниот простор
– Професионалност во извршување на секојдневните обврски
– Одговорност при следење на компаниските правила и процедури
– Подготвеност за работа во смени и работа во мултикултурна средина
– Мотивираност и подготвеност за живеење во странство
– Способност за тимска работа

Работни услови:
– Работното време е 8 часа во три смени со 30 минути пауза во прва и втора смена и 1 час пауза во трета смена
– Доколку има потреба се работи и секоја втора Сабота во месецот (само прва и втора смена)
– Платено сместување од страна на компанијата
– Покриено здравствено осигурување
– Платен превоз од сместувањето во Бугарија до работното место
– Платен превоз од Македонија до Бугарија два пати во годината
– Ваучери за исхрана
– Трошоците за вадење на работна виза ги покрива компанијата
– Можност за дополнителни бонуси
– Месечната плата зависи од искуството на кандидатите

Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите лични податоци или биографии на [email protected]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

(60)

loading...

Вашиот коментар