Пивара Скопје АД со повик до младите

EДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ПИВАРА СКОПЈЕ ВЕ ПОКАНУВА НА ЧЕТИРИНАЕСЕТТАТА ОБУКА „ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ“

Што ќе научам?
Преку конкретни чекори, интерактивни дискусии и преку размислувања во поглед на вештините за живот и вештините за водење бизнис, обуката „Вештини за успех” е создадена за да поттикне дополнителен напор за подобри резултати во барањето работа, отвореност за учење, нови искуства и страст во постигнување исклучителни резултати.

Животни вештини (јас и другите) 
Модул 1 – Разбирање и развој на себе
Модул 2 – Интеракција и вмрежување со другите
Модул 3 – Фидбек
Модул 4 – Себе претставување
Бизнис вештини (јас и работата)

 
 

Модул 1 – Управување со проекти
Модул 2 – Управување со време
Модул 3 – Деловно планирање
Модул 4 – Преговарање
Модул 5 – Финансиска писменост
Модул 6 – Продажни вештини

Која е целта на оваа обука?
Целта на обуката е кај учесниците да се поттикне самодоверба, самопочит и воспоставување врски со релевантни ментори. Со оваа програма го охрабруваме вработувањето и претприемачката култура и ги мотивираме младите да ја земат иднината во свои раце.

  
 

Колку време трае обуката?
Обуката е со времетраење од 3 дена и ќе се одвива на 29.08, 30.08 и 31.08.2018, од 17 до 20 часот, во просториите на Едукативниот Центар на Пивара Скопје.

Кој ја реализира наставата?
Наставата е реализирана од нашиот партнер Мотива Доо Скопје, која е високопрофесионална и компетентна компанија во областа на деловната едукација.

Како да се пријавам?
За повеќе информации и пријавување јавете се на: 02 3061 114, 02 3061 834 и 070 358 680, Едукативен центар на Пивара Скопје – Мотивa Доо Скопје.

До кога треба да се пријавам? 
Рокот за пријавување е 28.08.2018.

Ве очекуваме заедно да го изодиме патот до успехот!

(11)

loading...

Вашиот коментар