Пријавете се на обуката за безбедност при работа со електрична и громобранска инсталација

Обуката е наменета за лица кои работат:

• во областа на електроодржување на машини, уреди, постројки, лаборатории, компјутерски лаборатории;
• на проектирање и развој на електроенергетски системи, специјални машини и електронска опрема;
• за стручни лица од областа на безбедност и здравје при работа.

Семинарот ќе се одржи во Меѓународниот Славјански Универзитет “Г.Р. Державин“ – Свети Николе на 14 септември 2018 година.

 
 

Темите кои ќе бидат опфатени на оваа обука се:
• ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА КАКО ИЗВОР НА ОПАСНОСТ ЗА ПОЈАВА НА ПОЖАР ИМЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ВО РАБОТНАТА СРЕДИНА
• ЗАЗЕМЈУВАЊЕ – ПОГОНСКО И ГРОМОБРАНСКО
• МАНИПУЛАЦИИ СО КОМУТАЦИОНАТА ОПРЕМА ВО РАЗВОДНИ ПОСТРОЈКИ НА ТРАФОСТАНИЦИ

ПРЕДАВАЧИ:
• Професори од Факултетот за Безбедносно Инженерство од Меѓународниот Славјански Универзитет “Г.Р. Державин“ СветиНиколе и
• Професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) – Скопје

  
 

За сите заинтересирани субјекти предвидена е котизација од 3100,00 денари по лице, за присуство на обуката, предавањата, материјали за присутните, кафе пауза и ручек за време на предавањата и сертификат за присуство. За учесниците од Македонија уплатата се врши на следната сметка:

Примач: МСУ Г. Р. Державин
Банка: ЦКБ
Жиро с-ка: 320 10000 2856845

Секој учесник ќе добие Уверение за учество.

Учесниците со лиценца за вршење стручни работи од безбедност и здравје при работа од Министерство за труд и социјална политика ќе бидат бодувани со 10 бода. За дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на тел. 032/440-330 или 076/807-992 (м-р Тањица Трајчева).

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 20.09.2018 год. поради резервација на места, на е-пошта: [email protected].

Линк за пријавување: http://bzpr.msu.edu.mk/obuka-elektricni-instalacii/ 


(5)

loading...

Вашиот коментар