Сеавус талент – Бесплатна програма за обучување млади инженери од областа на ИТ-операции и поддршка

Софтверската компанија „Сеавус“ организира бесплатна програма за обучување млади инженери од областа на ИТ-операции и поддршка.

Програмата нуди можност учесниците да се стекнат со почетно знаење со алатки за монтирање, SQL бази, Shell и Powershell скриптирање, ИТ-безбедност, сервиси на Oracle и многу повеќе.

 
 

Предавањата започнуваат на 17 октомври 2018 година, а завршуваат на 12 ноември 2018 година, и ќе се одвиваат три пати неделно, во периодот од 9 до 17 часот.
За сите дипломирани студенти, за оние на постдипломски студии, како и оние во последна година од студии кои сакаат да го надградат своето знаење, како и за сите оние што сакаат да ја променат професијата, оваа талент-програма е вистинска можност за вас.

По завршувањето на предвидените предавања најдобрите учесници ќе имаат можност да се вработат во „Сеавус“ и да се стекнат со професионално искуство преку работа со различни клиенти во светот, како и да добијат можност да работат со најдобрите сервиси за хостирање, систем-администрација, сервиси за ИТ-операции и поддршка во различни технологии.

  
 

Повеќе информации на следниов ЛИНК

(19)

loading...

Вашиот коментар