Сервис-Инженер за техничка поддршка – Aitonix

Регион: Скопски
Краен рок за пријавување: 10/08/2018
Емаил: [email protected]
Контакт телефон: +389 2 3298 338

AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија.

 
 

AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди. Поради зголемен обем на работа, објавува оглас за вработување на 1 (еден) извршител на работна позиција

СЕРВИСЕР ЗА ИКТ ОПРЕМА ВО СЕКТОР ЗА СЕРВИС И ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

  
 

Одговорности и обврски:
• Брзо и прецизно дијагностицирање и остранување на дефекти;
• Редовно и уредно следење на работните налози;
• Комуникација со клиентите за временски рокови и статусот на уредите оставени за сервис;
• Континуирано учење за категоријата и брендот на уреди/опрема кои ги сервисира.

Потребни квалификации:
• Завршено ССС образование;
• Предходно искуство во сервисирање на ИТ уреди, опрема и оперативни системи (како: персонален компјутер, лаптоп, принтер; Android, Microsoft и сл.) и мрежи;
• Основно познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
• Возачка дозвола Б категорија;

Лични карактеристики:
• Ориентиран кон пронаоѓање на решенија;
• Способност за работа со временски рокови;
• Флексибилност, самостојност, темелност, одговорност и посветеност;

Ние нудиме:
• Работа во пријатна работна средина,
• Мотивирачка плата,
• Можност за кариерен развој и напредок.

Доколку сте во потрага по професионален предизвик, мотивирани кон успех, испратете го вашето CV на [email protected]

Само потесно селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

(21)

loading...

Вашиот коментар