Стручен Соработник – Медис Доо

Регион: Скопски
Краен рок за пријавување: 01/10/2018
Емаил:
Контакт телефон:

Медис доо е компанија со долгогодишна традиција на подрачјето на фармацевтскиот маркетинг и е партнер на водечки мултинационални производители на лекови.

 
 

Претставништвото во Скопје повеќе од 10 години работи и се шири, и дава можности на вработените да бидат наградени во зависност од резултатите. Лекарите, фармацевтите и останатата стручна јавност ја информираме за нашите продукти, произведени од светски познати фармацевтски компании.

Доколку сметате дека сте способни да ги остварите поставените цели и сопствените потенцијали, бидете дел од овој тим и придружете ни се на следното работно место:

  
 

Стручен соработник за промоција на лекови, и унапредување на продажбата на ОТЦ препарати и диететски суплементи (м/ж)

Нудиме:
• одговорна и стручна работа во динамична екипа со позитивна работна
атмосфера
• стимулативна заработка
• дополнителни едукации и континуиран развој на стручен план
• работа со одлични производи
• прилика за стекнување единствено искуство во успешна фармацевтска
компанија

Вашите работни обврски ќе вклучуваат информирање на здравствените работници за производите преку редовни посети на лекари и фармацевти, организирање на едукации и локални состаноци. Ќе бидете одговорни за планирање, реализција, анализа, следење и унапредувањер на продажбата на доделените производи, што од Вас ќе бара стручност, како и комуникациски и преговарачки способности.

Услови:
• високо образование (мединински, фармацевтски или стоматолошки
факултет)
• предност имаат кандидати со претходно искуство со иста или слична работа
(мин.1 год.)
• склоност кон работа на терен и патувања
• висок ниво на самостојност и самоорганизираност при извршување на
задачите
• способност за преговарање, градење однос со потрошувачи
• развиени аналитички, презентациски, комуникациски и продажни вештини
• фокус на перформансите, доверливост и проактивност
• работа на компјутер (MS Office)
• добро познавање на англиски јазик
• возачка дозвола – Б категорија

Пријавете се до 30. 09. 2018 преку формулар на интернет страната www.medis.mk, во рубриката Вработување. Пожелно е вашето CV да биде на латиница

(39)

loading...

Вашиот коментар