Финансиски Администратор – Национална федерација на фармери

Регион: Скопски
Краен рок за пријавување: 20/07/2018
Емаил: [email protected]
Контакт телефон:

Националната Федерација на фармери, Скопје има потреба од ангажман на финансиски администратор за имплементација на планираните активност.

 
 

Обврките на финансискиот администратор опфаќаат:
• Подготовка на исплататите поврзани со пректи и главната сметка во согласност со Финансискиот и административниот водич за организации финансирани од We Effect и целосните процедури и правилници на НФФ:
• Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација;
• Евиденција на трошоци по буџетски ставки;
• Подготовка на финансиски извештаи;
• Материјално и книговодствено работење;
• Подготовка на пресметки, буџети и поддршка во процес на јавни набавки;
• Предвидување на проблеми и ризици во спроведувањето на проектите;
• Следење на македонското сметководство и меѓународните сметководствени стандарди;
• Организација и поддршка во спроведување на ревизии;

Финансискиот администратор треба да:
• Има високо образование од областа на економски науки;
• Има знаење за финансиски менаџмент;
• Познавање на сметководствениот и даночниот систем во земјата;
• Одлични вештини за сметководство и финансиско планирање;
• Одлично вештини за финансиско известување;
• Широко познавање на економијата кое може да придонесе за подготовка и имплементација на проекти;
• Многу добро познавање на англискиот јазик;
• MS Windows, MS Office компјутерски вештини;

  
 

Финансискиот администратор пожелно е да има искуство во:
• Методи и техники за економска анализа;
• Развој и имплементација на финансискиот, сметководствениот и системот на внатрешна контрола на НФФ и подобрување на процедурите за постојните системи;
• Методи и техники за финансиско планирање и буџетирање;
• управување со финансиски ризици;
• Методи и техники за проценка на финансиската активност;
• Организирање обуки за вработените за сметководство / административно и финансиско управување;

Финансискиот администратор мора да биде способен да:
• Ги следи анти-корупциските и антидискриминаторските принципи
• Работа во атмосфера на родова еднаквост
• Работа под притисок и краток рок
• Работа во тим

(47)

loading...

Вашиот коментар