2 работни позиции во Систина Офталмологија

Регион: Скопски
Краен рок за пријавување: 05.09.2018
Емаил: [email protected]
Контакт телефон:

Оглас за вработување во „Систина Офталмологија“
Отворени се 2(две) работни позиции

 
 

“Систина Офталмологија“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата.

Поради проширување на својот тим, Систина Офталмологија објавува оглас за вработување на две работни позиции:

  
 

1. АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК

Потребни квалификации:
– Завршено средно стручно образование
– Искуство во работа со клиенти
– Познавање на албански јазик
– Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите

Одговорности и работни задачи:
– Водење на општи административни деловодни работи
– Прием и проследување на повици, проследување на документи
– Прием и пречекување на странки
– Деловна коресподенција

Личен профил:
– Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет
– Одлични комуникациски и презентациски вештини
– Аналитички способности, упорни и енергични
– Професионален и позитивен однос
– Љубезност, учтивост и хуманост
– Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок

2. ДОКТОР

Потребни квалификации:
– Завршен Медицински факултет
– Постигнат просек над 8
– Положен државен испит
– Интерес за специјализација по офталмологија
– Добро познавање на англиски јазик
– Познавање на албански јазик ќе се смета за предност

Личен профил:
– Организираност и одговорност
– Одлични комуникациски вештини
– Професионалионален и љубезен однос кон пациентите
– Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и Сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика, на следната email адреса: [email protected], со задолжителна назнака “За оглас за Административен работник” или „За оглас за Доктор со интерес за специјализација по офталмологија“

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

(41)

loading...

Вашиот коментар