NET Програмер – ЕДУСОФТ

Регион: Скопски
Краен рок за пријавување: 18/10/2018
Емаил: [email protected]
Контакт телефон:

ЕДУСОФТ објавува оглас за пополнување на следнaта работнa позициja:

 
 

.NET Програмер

Вашите работни задачи:
Како софтверски инженер за веб апликации ќе имате клучна улога во реализирањето на нашите проекти врзани со развој и одржување на апликации.

  
 

Во еден мешан тим на инженери и експерти, вие ќе бидте во можност да се вклучите во развојот на повеќеслоен веб информационен систем користејки MS-SQL, MS.NET, JavaScript и C#.

Потребни компетенции:
-минимум 2 години искуство во развивање софтверски решенија во следниве технологии: MS-SQL, C# и ASP.NET
-oдлично познавање на ASP.NET (ASP.MVC/Entity Framework)
-одлично познавање на JavaScript, JQuery
-одлично познавање на релациони бази на податоци MSSQL
-одлично познавање на HTML, Javascript,JQuery, CSS и XML
-познавање на софтверски архитектури, шаблони за дизајн и агилни методологии на работа
-пожелно е искуство со AngularJS и Bootstrap
-сопствена иницијатива и високи аналитички способности
-интерес за нови технологии и способност истите да се применат при развојот на проекти

——————————————————————————————————————-

Пријавите во кои ќе ја наведете работната позиција за која сте заинтересирани со Ваша кратка биографија (CV), испратете ги на email адреса [email protected] до 25.10.2018.

Сите пријави ќе бидат разгледани а оние кои ги исполнуваат условите на огласот ќе бидат поканети на интервју.

За ЕДУСОФТ

ЕДУСОФТ е професионална софтверска компанија специјализирана за дизајн, развој и имплементација на софтверски апликации.
Основан во 1990 година во Скопје, ЕДУСОФТ постојано развива високо квалитетен софтвер кој е имплементиран на различни платформи користејќи софистицирани технологии.
Нашето портфолио се состои од голем број на реализирани софтверски проекти наменети за различни сектори како: осигурување, правсудство, ветерина, јавен сектор, локална самоуправа, градежништво и други.

Зошто да работите во ЕДУСОФТ?
Ќе учите – ние поддржуваме постојано усовршување
Ќе бидете горди на вашата работа – техничката совршеност е наша страст
Вашиот придонес ќе биде ценет – придонесот на секој се цени и очекува
Нема прегради – имаме отворен концепт на нашиот работен и проектен простор
Лоцирани сме во центарот на градот

Главните вредности на ЕДУСОФТ
Креирајте ја вашата сопствена реалност
Рамнотежа помеѓу работата и животот
Почит и доверба еден кон друг
Одржливост – Бизнис, Заедница, Личен
Да се живее брзо – да се соработува, да се прифати промената, да се испорача вредност

(8)

loading...

Вашиот коментар