| 13.09.2015. ПО ДОМА

Во врска со бегалската криза еден човек од тука беше рекол дека на Македонија „ќе и треба некаков вид на физичка одбрана, или војници или ограда”.

Неверојатно е колку се ограничени луѓето на кои им се паднало да ја водат безвезната политика на оваа безвезна земја. Со акцент на тоа дека безвезноста за која говориме на оваа место не е обична безвезност туку материјал кој врви низ рационализирачките инструменти на злостосторничката власт и на масата на Груевски и на Мијалков излегува како карамела или бајадера!

Понекогаш ми се чини дека идејата за безвезната политика го диктира изборот на строго ограничени, да не речам, безвезни типови во оваа дејност!

 
 

Земете го, на пример, момчето кое во дипломатскиот куфер си ја носи насмевката, четкичката за заби, резервните гаќи и чорапи, манифестот на партијата и сликата на својот лидер! Добро, и компилацијата од безвезни фрази со кои секогаш успева ништо да не каже.

Можете ли да ја откриете смислата на неговото постоење како министер за надворешни работи на Република Македонија! Можеби тој ќе може да се осмисли самиот себе ако успее задоволително да одговори на следните неколку прашања од екстерниот тест за трето одделение:

Колку треба да биде висока и дебела оградата што ќе ја одбрани земјата што никој не ја напаѓа!

  
 

Мислам од надвор!?

Бегалците, како што е познато, пичат на север, ти за нив не си ниту Лампедуза, поскоро на тебе гледаат како што голиот газ на бродоломникот од Сиера Леоне гледа на отровната медуза пред Лампедуза!

Како може да се крсти операцијата во која дванаесетата најмизерна земја ( Кјото институт) во светот се оградува и чува од некого?!

 
loading...
 

На што ќе личи Македонија да подигне ограда со која ќе ги спречува бегалците да излезат од Европската унија ( Грција) со идеја да ги спречи преку трета земја ( Србија) да влезат во Унијата (Унгарија)!!!???

Сите зборуваат само за огради. Никој да се сети дека околу државите можат да се копаат и канали со пирани и крокодили! Или да се поставуваат мински полиња. Или низ оградите, кои толку многу се преферираат, да се пушта висок напон или да се поставуваат комбинирани линии од канали со крокодили и пирани, огради под висок напон и мински полиња во длаболина од пет километри!

Јас, уствари, ја подржувам идејата на министерот Поповски. Како вика народот: кој на друг му копа гроб, сам во него паѓа. Сакам да речам дека ако Македонија ја оградиме, по можност со комбинираниот модел, кој е поскап, но е многу посигурен, утре министерот нема да има кај да бега. Може да се случи да го најдеме залепен од оваа страна на оградата како комарец на пластична лопатка, или да го здогледаме во далечината како гомно среде минското поле. А може да се најде и во утробата на некој крокодил. Ќе откриеме кој е ако во каналот ја фрлиме Славјанка: оној што ќе помине покрај судијката без да ја отвори устата, сто посто го има во стомакот тешко сварливиот Поповски!

Дневникот на националната телевизија би се отворал со вести како во времето на Информбирото: во обид нелегално да ја поминат границата, на оградната жица под висок напон, во реонот на селото Ѕвегор, денеска загинаа поранешниот премиер Никола Груевски и уште четворица членови на неговата потесна политичка фамилија, деталите ги има Мирка Велиновска

Ова просерување на министерот не е интересно само од аспект на празната и театрална политика во однос на бегалците туку е убава илустрација на тоталната одлепеност на таканаречената политика од критериумите на здраворазумноста, на нормалноста, на одговорноста за општите работи. Оградата би можела да биде обид за додворување на македонската примитивност во време на избори и специјални истраги!

Најглупави се оние што ги гледаат емисиите на таканаречените вести и дебати, плус контактните емисии во кои во програмата “телефонот е ваш, повелете, во програма сте, ало, дали се слушаме… повелете” народот мисли дека некој го ебе! А, како беше рекол другарот Бранко: народот е во право и кога греши!

Секој пристоен специјален обвинител ќе мора да ја мапира целата држава како криминална формација односно како формација на криминалот. Ќе мора под притисок на фрапантните материјали, докази, факти, дела што ќе му се отвораат како бескрајни пространства, додека во мрежата не му влезе и типот кој држејќи се за рачката на секирата сере под некоја бука во најзафрлената планина!

Дебатата за специјалниот обвинител, ваква каква што се види и, уште пошироко, дебатата за таканаречената криза е интегрален дел на криминалната легитимација, а не обид таа плазма да се пресуши!

Не сум сигурен дека за подвиг имаме капацитети, но за да знаеме дали имаме или не, треба да се обидеме, прво, да ја растутиме шемата што функционира сега, а потоа и да се искачиме на нивото на кое ќе си ја реконституираме државата не со помош на транзициските искуства и нашминканите истории, туку против нив!

Од една страна, ништо не правиме без специјален обвинител, кој, пак, ништо нема да направи без специјални единици за брза интервенција, за кои никој ништо не зборува и без специјален суд, тој, пак, специјален суд не може да биде специјален ако не го избере некое специјално собрание по предлог на некоја специјална влада што ќе биде избрана по некои специјални избори на кои ќе учествуваат специјално обескретенизирани гласачи низ специјални реформи во образованието, во културата, во верата, во економијата и така натаму во милион и триста други специјалности, во пекарите, да речеме, “Специјал”, што, интересно, државата ќе ја направат или ќе се обидат да ја направат нормална зашто таа сега е специјална слободна зона на најпростиот, највулгарниот, најпримитивниот специјален криминал што се случува уште од времето кога првиот кромањонец го удрил со камена секира цимерот во пештерата и му ја зел и мечката и жената!

Ова се два статуса од мојот прифил на фејсбук. Ги ставам тука за да нагласам дека развојот на аферата “Телеком”, по сведочењето на Богоевски, ги потврдува тезите за разгранатоста на злото во Македонија и дека идејата за специјалниот обвинител ќе заврши неславно ако не се посматра и ако не се интегрира како дел од вкупните радикални промени во државата и во општеството. Специјалниот обвинител не може да биде ограда пред криминалот, тој нема да има никакви шанси ако не е елемент на општествената хемија на нормализирачката преобразба! Обратно, мислам дека идејата на министерот Поповски за ограда на границата е идеја да се огради не Македонија од бегалците, туку на еден специјален начин, да се огради специјалниот обвинител од својот општествен контекст!

Сакам да кажам дека не малтретираат како бебиња!

Жената што го тресеше детенцето како што сељаците ги тресат автомобилски пепелници на црвено светло во Скопје, е хистерична крава која во секој момент може да го истури млекото, да му удри чифте на бикот што дошол да ја дупи или да ја запали шталата во која спие, таа не е монструм во смисла на некаков скандалозен исклучок, повеќе би рекол дека е банална во злото, таа е дел од разгранатата мрежа на злото, сетете се само на учениците кои пред два дена коленичеа пред еден попски монструм и пред своите родители како монструми, а снимката во која го допира детето со двете раце како со две електроди полни со 220 волти, ме потсети на бомбастичните снимки во кои една машка дадилка ја тресеше цела Македонија, ѓоа бебенце, и ја уриваше базичната сигурност и ги убиваше родителите и ја палеше куќата и ги тероризираше жителите и ги трошеше парите и ја уништуваше перспективата! Жената и вршителот на должноста премиер се една личност во две тела.

Бранко Тричковски, колумна во „Слободен Печат“

Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

(148)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
22.11.2017. Ливадџија
24.11.2017. Ливадџија
23.11.2017. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени