| 17.11.2017. ПО СВЕТОТ

Железничка компанија во Јапонија се извини јавно откако еден од нивните возови тргнал порано 20 секунди. Да, да, не е печатна грешка – 20 СЕ-КУН-ДИ! Управата на линијата Цукуба Експрес помеѓу Токио и градот Цукуба велат дека “искрено се извинуваат за непријатностите”. Па побогу, кои непријатности, 20 секунди! Попат, важно е да ви напоменеме, дека НИКОЈ не се пожалил за инцидетот во прашање…

Во соопштението, компанијата вели дека возот требало да замине во 9:44:40 по локално време, но заминал во 9:44:20. Многу од корисниците на социјални медиуми со изненадување реагираа на ова соопштение на компанијата.

Грешката се случила бидејќи вработените не го провериле временскиот распоред, се вели во соопштението на компанијата. “Екипата не го провери времето на заминување и ја изврши операцијата за заминување”, се вели во соопштението.

 
 

Линијата Цукуба Експрес ги носи патниците од Акихабара во источен Токио до Цукуба за околу 45 минути. Ретко е за возовите во Јапонија, кои имаат една од најсигурните железници во светот, да заминат во различно време до планираното.

Токаидо линијата во земјата, која се протега од Токио до градот Кобе, е далеку најпрометната во светот и носи речиси 150 милиони патници годишно. Точно во секунда!

(191)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени