| 29.11.2017. ПО СВЕТОТ

Интернет страницата Expatistan редовно прави анализи за животниот стандард во подичнечни градови низ светот, без разлика дали сте заинтересирани за краткотрајна посета или повеќегодишно преселување.

Страницата ја анализира цената на храната, пиењето, облеката, мебелот, станарина, сметките, превозните средства и други секојдневни трошоци за на крај да направи листа на најевтините и најскапите места за живот за 2017 година.

Нивната анализа покажала дека најевтиниот град за живот на крајот на 2017 година е Одеса. Украинскиот поморски град ја доби оваа титула заради ниската цена на храна, станарината и други животни трошоци.

 
 

Овде еден ручек во ресторан во економската зона на градот чини околу 3,5 евра, едно литро гориво чини околу 0,7 евра, а половина литро домашно пиво чини половина евро, пишува Poslovni Dnevnik.

Освен Одеса, во првите десет најевтини градови за живеење во светот се и 7 индиски града и 2 афрички. Еве за кои градови станува збор.

  1. Одеса, Украина
  2. Бубанесвар, Индија
  3. Кочи, Индија
  4. Џаипур, Индија
  5. Ахмедабад, Индија
  6. Коимбаторе, Индија
  7. Каиро, Египет
  8. Калкута, Индија
  9. Хидерабар, Индија
  10. Тунис, Тунис

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени