| 05.02.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Оваа година во Велика Британија би можело да дојде до револуционерен настан кога станува збор за раѓање на деца, односно по прв пат во историјата на оваа земја би можело да се случи да биде родено дете со тројца родители.

Надлежните институции веќе дале зелено светло во два случаи.

Ова нема да биде прв случај во светот, а границата ја помести Џон Занг, кој со колегите во 2016 година го направи тоа во Њујорк, а забележани се и случаи во Украина после тоа, пренесува „New Scientist“.

 
 

Сепак, Велика Британија е првата земја која официјално ги одобри техниките на терапија за замена на митохондрии поради спречување на наследни митхондриски пореметувања.

Тим на научници од Њукасл добил одобрување да ја спроведе постапката уште во 2016 година, а сега се дозна дека HEFA од тогаш одобрила уште два случаи.

Бидејќи одобренијата била дадени уште во 2017 година, постапката најверојатно е веќе започната.

  
 

Од центарот задолжен за спроведување на оваа постапка не сакаа да потврдат дали процедурата е започната, бидејќи имаат за цел да ги заштитат пациентите.

Постапката е слична како и при вештачко оплодување, но се користи генетски материјал за три лица.

Постапката е смислена да им се помогне на жените кои имаат генетски мутации во митохондриите да не ги пренесат на своите потомци.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени