| 04.01.2018. ЕВОЛУЦИЈА

По биткоинот, лајткоинот и етериумот, на полето на криптовалути се појави уште еден новитет – Рипл (Ripple).

Вредноста на оваа дигитална валута во последните неколку недели константно расте, а таа е моментално втората највредна валута, пишува “CNN”.

Оваа релативно непозната криптовалута, позната и под името “XRP”, моментално вреди околу 3,5 долари, а пазарната капитализација надминува 100 милијарди долари. Кон почетокот на декември, Ripple вредеше само 25 центи.

 
 

Криптовалута со банкарска поддршка

Биткоинот е сè уште значајно поскап. Моменталната вредност му е 14.487 долари, а пазарната капитализација изнесува над 250 милијарди долари.

Ripple, за разлика од биткоинот, го контролира една компанија – калифорниската Ripple. Според извештаите, сегашните и поранешните раководачи на Ripple преку ноќ станале милијардери, благодарение на успехот на оваа криптовалута.

  
 

За разлика од другите криптовалути, Ripple е поврзан со легитимни банки – Santander (SANPRA), Американска банка (BAC) и UBS.

Оваа технологија во последните неколку недели ја усвоија и компаниите за финансиски услуги од Јапонија и Јужна Кореја, со што уште толку добива на вредност.

Потенцијал за инфлација

 
loading...
 

Според вложувачот Стефан Повага од компанијата “Blockchain Momentum”, Ripple и сличните валути се привлечни поради своите ниски цени.

За разлика од биткоинот, Ripple не функционира преку “копање”, туку криптовалутата е потполно контролирана од една компанија.

На почетокот биле создадени 100 милијарди Ripple, а во оптег се моментално 38 милијарди. Компанијата може да издава до една милијарда монети месечно, што според Повага би можело да го засити пазарот.

Доколку компанијата одлучи да продолжи со тоа темпо, количината на оваа криптовалута ќе се удвои во следните четири години, предупредува Повага.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени