| 03.12.2017. ПО ДОМА

Овој хороскопски знак го интересираат само конкретните нешта. Повеќе го интересира што се подготвува за вечера отколку филозофските разговори. Тој ужива во сензуалните нешта во животот што ги дразнат сетилата, како што се добриот оброк, вкусниот пијалак и релаксирачката масажа. Познат е по неговата тврдоглавост, но ако сакате да го наговорите на нешто, понудете му ги неговите омилени работи.

Станува збор за Бикот! Припадниците на овој хороскопски знак толку пријатно се сместени во нивната удобна зона што никогаш не би ја напуштиле. Нивната главна мотивација е стабилноста и затоа никогаш не преземаат ризици. Тоа може да ги изнервира нивните блиски кои знаат дека Биковите можат да постигнат многу повеќе.

Биковите не сакаат кога луѓето им даваат совети, а ако случајно побараат ваше мислење за некој нивен проблем, нема да разговараат премногу за него. Можеби се прашувате зошто некој би сакал да има толку тврдоглава личност во својот живот. Станува збор за лојалноста. Биковите секогаш ќе бидат тука за вас. Тие можеби нема да ви купуваат луксузни подароци, да ве носат на возбудливи патувања и на интересни љубовни состаноци, но секогаш ќе бидат тука за вас кога навистина ќе ви требаат.

 
 

Тие секогаш ќе имаат посебна мека фотелја за вас кога ќе ви треба место за да се скриете од брзиот живот и да најдете малку мир. Биковите ќе имаат и секакви грицки за вас, затоа што сакаат да се чувствувате посебно. Никогаш нема да гладувате со Биковите, бидејќи тие никогаш не би го дозволиле тоа.

На Биковите многу им се важни парите. Лесно доаѓаат до нив и не ги губат. Тие се подарежливи со нивното време отколку со нивниот паричник, но ако ви треба заем за да поправите нешто во домот, Биковите се вистинските луѓе на кои можете да им се обратите.

Тие ќе очекуваат да им ги вратите парите, но ќе ви дадат доволно време за тоа. Ним не им се брза, па затоа не очекуваат ни од вас да брзате. Биковите ќе ви дадат пари на заем, само доколку навистина можат да го сторат тоа.

  
 

Нивното главно мото е „Бавниот и умерениот секогаш победува на трката“. Биковите напредуваат многу бавно, но затоа создаваат длабоки корени кои им даваат долговечност ним и на нивните креации.

Без разлика дали се работа за вкусен оброк, превоз до аеродром или совршена масажа на стапала, Биковите го прават светот погостопримливо и поудобно место за живеење. И треба да бидете благодарни за тоа!

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени