| 19.11.2017. ПО СВЕТОТ

Се надеваме дека барем персоналот носи некаква облека. Инаку малку ќе ни биде непријатно ако добиеме колбас на маса – ничим изазвани, така? Во секој случај, замислете ресторан каде вие доаѓате голи, јадете голи, плаќате голи, а потоа си одите голи. Сон за секој манијак од Дебар Маало и пошироко. И онака ни тежи сета таа облека на нас, вака само тргнете го мантилот и одомаќинете се на некоја маса…

За некои можеби ова ќе изгледа како претерана идеја. Сепак, запознајте го парискиот ресторан со оригинално име – O’naturel, во случај некој да ве покани на вечера таму, за прикладно да се Соблечете. Ресторанот е отворен во петокот минатата недела, но главната идеја зад O’naturel е дека луѓето можат опуштено да дојдат и да уживаат во храната и околината.

По влегувањето во ресторанот, од посетителите се бара да ги соблечат своите алишта и ги закачат во плакар, а потоа можат слободно да уживаат во високите цени на храната, која се движи околу 30 евра за лепче и путерче.

 
 

Додека целата идеја за наши услови ќе биде прилично демонизирана и нема да се откачиме од темата со месеци, соседите кои живеат во близината на ресторанот во Париз, целосно се согласни со овој тип на бизнис и во нудистичкиот ресторан не гледаат ништо лошо, според нивни изјави. А и што би имале против, од туш дирекно пешки можете на вечера…

 

  
 

 

Првата официјална вечера се одржа за членови на Здружението на париски натуралисти и како што велат од персоналот во ресторанот поминала во одлично светло и ние немаме причина да не им веруваме.

Така да, за вас кои милувате да си к’снете како од мајка родени, а по дома не смеете, сега имате каде да се опуштите, ете Париз кај е, а еве и линкче за резервација да си направите…

 
loading...
 

(315)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени