| 02.01.2018. ПО СВЕТОТ

Патниците кои патуваа со авиокомпанијата Hawaiian Airlines двапати ја дочекаа 2018 година, на летот од Нов Зеланд до Хаваи.

Авионот на оваа компанија полета од Оукленд, Нов Зеланд веднаш по дочекувањето на Новата година, а стигна на Хонолулу во Хаваи, каде поради временската зона, сѐ уште беше 2017 година.

Гореспоменатиот авион полета во 00:05 по новозеландско време на 1 јануари 2018 година, а во Хонолулу пристигна во 21:45 на 31 декември 2017 година, откако летајќи помина неколку временски зони.

 
 

Летот требаше да се случи десетина минути порано, односно во 23:55 по новозеландско време, но поради непредвидените одложувања Hawaiian Airlines го преместија летот за 00:05.

На тој начин патниците од овој лет двапати ја дочекаа Новата година.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени