| 30.10.2017. ПО ДОМА

“Маживе ништо не разбираат” е често употребувана реченица додека се жалат жените за проблемите кои ги имаат со нивните дечковци и сопрузи. Како на пример кога искрено ќе им кажат дека од тесните фармерки им ѕирка малку испакнато меше, дека двата часа во кои ја раскажуваат приказната за некој нивни колега кој украл сендвич е малку досадна или кога ќе им речат дека не гледаат никаква причина за возрасна жена секој ден по неколку пати да се јавува кај мајка и.

Да, мажите не се читачи на умови и не се разбираат во многу работи, но жените, исто така, често забораат дека кога се во врска, романтична или пријателска со маж, тие не се сами и дека тие се оние кои често одбиваат да пружат разбирање на нивниот партнер.

Не е така? Ајде со неколку примери:

 
 

Дружење со пријателите – без тебе

Не се шлепајте со вашиот човек на секое пиво и секое дружење со пријателите кои тој ги знае со години, а вие со нив немате никаква директна врска. Дали ќе ви биде згодно на вас ако вашиот дечко денса на Бијонсе со вас и вашите пријателки, коментирајќи за фустани и збори за книги за кои и реално нема интерес? Тоа што сте пар не значи дека вие имате право да му го превземете животот – оставете го човекот нека дише.

Фрлање погледи по деколтеа

Се согласуваме, гледање во деколте не е учтиво, но мора да признаеме, дека кога имате маичка со подлабоко деколте и со жените со кои ќе разговарате најмалку на една ќе и избега погледот во вашите гради. Ѕверењето е забрането, но краток поглед навистина може да биде само природна реакција и ништо повеќе.

Гледање убави жени

Жените си земаат за право да коментираат за секој згоден актер кој се појавува на телевизија или на страниците на некој магазин, но кога нивниот партнер ќе загледа убава русокоса на улица, одеднаш знаат да паѓаат во очај. Исто како вас, мажите забележале убаво човечко суштество, што не значи дека сакаат да ве изневеруваат. Ако со погледот почнат и некои дофрлања или ишарети да се пуштаат, е тоа е веќе причина за загриженост.

 
 

Тишина

Фактот дека после работа тој сака половина час да седи во тишина и да чита весници или само рандом да ги менува каналите на ТВ, не значи дека веќе не ве сака. Напорниот ден си бара одмор, а мозокот најдобро се ресетира на мир и тишина. Истото важи и за оние неколку часа за време на викендите кога тој ќе одлучи да си се посвети на себе.

“Газда“ во куќа

Природна е потребата на секој маж да се доживува како заштитник во домот и често ќе се случува за некои активности да немаат поим. Не го обвинувајте ако полицата која ја склопил не е совршено рамна или ако плакарот за деца го составувал три дена – важна е намерата.

(388)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени