| 03.12.2017. ПО СВЕТОТ

На Земјата постојат некои места кои нема да бидете во можност да ги посетите колку и да сте финансиски во можност. Еве го списокот:

1. Остров Груинард

 
 

Причина за забрана за патување: Тестирање биолошко оружје.

Британската Влада во 1942 година го купи шкотскиот остров Груинард за тестирање биолошко оружје особено за антракс. Поради експериментот антраксот го зарази целиот остров и предизвика смрт на 95 отсто од неговото население.

Се до 80-тите години местото се сметаше за најсмртоносно на Земјата, а во 1986 година започнало чистењето.

  
 

2. Остров Суртсеј

Причини за забрана за патување: Научни експерименти

 
loading...
 

Во 1963 година во водите околу Исланд проработе подводен вулкан и создаде нов остров.

Веднаш привлече внимание на голем број научници кои тие сакаа да го проучуваат. Од тогаш има забрана за посета на туристи.

3. Остров Ilha da Queimada Grande

Причини за забраната за патување: Отровни змии

Ilha da Queimada Grande е остров со површина околу пола квадратен километар. На него се наоѓаат четири илјади отровни змии.

Најотровна е златната змија (Bothrops insularis) чиј отров е пет пати посилен од другите отровници. Ако некој е каснат од змијата, настапува моментална смрт.

4. Остров Северен Сентинел

Причини за забрана за патување: Опасни жители

Северен Сентинел се наоѓа во Бенгалскиот Залив и припаѓа на Индија. Но, таму никој не оди.

Таму има луѓе од Сентинели кои и понатаму живеат како во каменото време.

5. Големо светилиште Исе

Причини за забрана за патување: Религиозни причини

Големото светилиште Исе е шинтоистичко свето место во истоимениот јапонски град кое е посветено на божицата Amaterasu-omikami.

Заградено е со висока дрвена ограда. Можат да влезат само високо позиционирани свештеници и припадници на царското семејство.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени