| 21.01.2018. ПО СВЕТОТ

Полицијата уапсила пилот непосредно пред полетување на авион на „Бритиш ервејс“ поради сомневање дека е пијан.

Членовите на екипажот на лет се јавиле на итната служба на аеродромот бидејќи пилотот мирисал на алкохол и биле загрижени за безбедноста на 300 патници и екипажот на летот од аеродромот „Гетвик“ за Маврициус.

Вооружени припадници на полицијата интервенирале и го отстраниле пилотот од авионот неколку минути пред полетување.

 
 

„Полицајците влетаа во авионот и се упатија право кон пилотската кабина“, рече анонимен извор од авиокомпанијата.

Пилотот бил изнесен од авионот со лисици на рацете.

„Страшно е, што сѐ можеше да се случи“, изјави еден од патниците во авионот „боинг 777“ со број на лет 2063 што бил одложен од безбедносни причини.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени